Промени тема
Контакт

(Видео) Трајчулески: ДПМНЕ одби амандмани на СДСМ за субвенции на фотоволтаични електрани за граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Trajchuleski

СДСМ поднесе амандман со кој бара да се обезбедат средства за субвенционирање на фотоволтаичните електрани на покриви на домаќинствата. Со ова, покрај зелената транзиција, ќе им овозможи на граѓаните помали сметки за електрична енергија како и активно да придонесат во создавањето на одржлива енергетска иднина, раче пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески на комисијата за финансирање на буџет.

— реклама —

- Субвенционирањето на фотоволтаичните системи, не само што ќе ја намали зависноста на домаќинствата од фосилни горива, туку и ќе ги поттикне граѓаните да користат обновливи извори на енергија, со што ќе се намали оптоварувањето на традиционалните енергетски капацитети. Оваа мерка е во согласност со националните и европските цели за намалување на емисиите на јаглероден диоксид и зголемување на енергетската ефикасност, рече Трајчулески.

— реклама —

Тој потенцираше дека со субвенционирањето на фотоволтаичните електрани не само што ќе се поттикне локалното производство на чиста енергија, туку и ќе се намалат сметките за електрична енергија на домаќинствата.

— реклама —

СДСМ поднесе и амандман за обезбедување средства од 6 милиони денари за субвенционирање на транспортни компании кои ќе ги го заменат користењето на возила на фосилни горива со електрични возила. Ова поддршка е во насока на засилена зелена транзиција и има за цел да ја намали емисијата на штетни гасови и да го подобри квалитетот на воздухот.

Ова субвенционирање е поттик за цела транспортна индустрија да се ориентира кон одржливи решенија и енергетска ефикасниот со долгорочни ефекти кон животна средина и економијата во земјата.

— реклама —

Заменик министерот за финансии и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ги одбија и двата амандмани предложени од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryog60n8coau9ieBMVNXd

СДСМ: Две и пол години Мицкоски и ВМРО: милиони од тендери за бандата, сиромаштија за граѓаните, изолација за Македонија

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
Screenshot-2024-01-15-at-09.33.00

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: „Што направивте освен криминални тендери?“

Македонија | пред 18 часа

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: ЗНАМ во Гостивар го чува идентитетот, а свој нема – има далечинско

Македонија | пред 19 часа

media-library5599haamqj8b3gCjaWK

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Велите да пријавиме? Пријавуваме со месеци, вие сте на власт

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања