Промени тема
Контакт

(ВИДЕО) Трамп на средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
tramp-severna-koreja

Американскиот претседател, Доналд Трамп, пристигна во демилитаризираната зона (ДМЗ) меѓу двете Кореи, каде што се состана со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун. Трамп и Ким се состанаа на линијата на демаркација, а Ким го покани својот гостин заедно да прошетаат по границата и да ја преминат истата. Така, Трамп стана првиот американски претседател кој некогаш зачекорил на тлото на Северна Кореја.

Трамп претходно најави дека ќе го повика Ким во Белата куќа, па така и сторил. Си-ен-ен пишува дека Ким уште не одговорил на поканата.

— реклама —

„Ова е историски момент“, истакна на средбата севернокорејскиот лидер.

„Преминот преку линијата на демаркација претставува голема чест за мене“, рече Трамп, додавајќи дека со Ким ги поврзува големо пријателство.

— реклама —

„Се случуваат одлични работи. Се сретнавме и се допаѓаме еден со друг уште од првиот ден“, изјави Трамп за новинарите.

Тој, пред состанокот со Ким, со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, го посети стражарското место на најсеверниот дел од јужнокорејската страна на ДМЗ, кое гледа кон Северна Кореја, каде што разговараше со американски и јужнокорејски војници.

— реклама —

Ова е прва посета на Трамп на ДМЗ, а на вчерашната средба со претседателот на Јужна Кореја, рече дека со Ким ќе се ракува и ќе го поздрави.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања