(Видео) Трамп: Никој не знае што се магнети

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
Screenshot-2025-01-21-at-14.36.31

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се најде во центарот на вниманието, овојпат поради бизарна изјава за магнетите, дадена за време на настан во Овалната сала, пишува „Индипендент“ (The Independent).

— реклама —

Сè се случило вчера, за време на свечената заклетва на новиот американски амбасадор во Индија. Трамп ја искористил приликата за неочекуван монолог за Кина, фокусирајќи се на неодамнешниот договор за извоз на ретки земјени метали.

— реклама —

„Кина имаше намера да нè погоди со ретките земјени метали. Сега сите велат: ‘О, што значи тоа?’ Магнети. Ако Кина одбие да ги даде магнетите, бидејќи има монопол врз нив… нема да се произведе ниту еден автомобил во целиот свет“, изјави Трамп.

— реклама —

Потоа додал збунувачка тврдeње дека „никој не знае што се магнети“, по што се пофалил со, како што го нарекол, „големиот договор“ што Кина и САД го постигнале минатиот месец.

Позадина на трговските преговори

Иако разговорите не резултирале со формален договор, администрацијата на Трамп се согласила да ги намали царините на одредени кинески производи што влегуваат во САД.

Заради тоа, Пекинг се обврзал да ги укине мерките за контрола на извозот на ретките земјени метали, клучни за производството на електроника и други напредни технологии, пренесува „Јаху њуз“ (Yahoo News).

Што се магнети?

Магнетите, и покрај тврдењето на Трамп дека „никој не знае што се“, всушност се добро познати предмети. Станува збор за материјали што создаваат магнетно поле, кое им овозможува да привлекуваат други метали, најчесто железо.

Во современата индустрија тие не служат само за детски експерименти или за прикачување белешки на фрижидер, туку се неопходни во производството на сè — од електромотори и тврди дискови до мобилни телефони и електрични автомобили. Најмоќните, т.н. ретки земјени магнети, се изработуваат од ретки земјени метали — ресурси што Кина речиси целосно ги контролира.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања