Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Трамп: Велат дека Кина нè шпионира, па и ние ги шпионираме нив – не грижете се

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-library9vmjcgllr5aaf51lBV9

Американскиот претседател Доналд Трамп јавно изјави дека САД ги шпионираат Кина и Русија, додавајќи дека американските разузнавачки служби тоа го прават поуспешно од нивните кинески и руски колеги.

Тој ова го кажа на предизборен митинг на Републиканската партија во градот Дубјук, во сојузната држава Ајова, одржан на 1 ноември, два дена пред изборите за американскиот Конгрес.

— реклама —

„Кина нè шпионира. Одговорив: Да, и ние ги шпионираме нив. Не грижете се за тоа“, рече Трамп, додавајќи дека САД ги следат и Кина и Русија, но, како што тврдеше, тоа го прават подобро од нив.

— реклама —

За шпионирањето почна да зборува додека ги коментираше американските воени операции против Иран и тешкотиите на Вашингтон да пронајде ирански претставници со кои би можел да преговара.

Трамп тврдеше дека голем дел од иранските воени капацитети биле уништени, вклучително и бродови, авиони и радарски системи. Тој се пошегува и дека американските напади можеби претерале со ликвидирањето на иранските лидери.

— реклама —

„Тоа е мојот проблем. Можеби малку претеравме со нивните лидери. Немам со кого да разговарам. Се обидувам да најдам некого со кого би можел да разговарам. Никој не сака да биде претседател“, рече Трамп.

— реклама —

На митингот во Ајова тој ги поддржа републиканските кандидати и ги повика гласачите да излезат на изборите, со цел партијата да ја задржи контролата врз Конгресот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп повторно му се закани на Иран: „Во одреден момент ќе мора да зададеме силен удар“

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryc7gbdcme6o5973a4nD2

(Видео) Трамп: Имам две сестри, едната почина, другата е убава, но не сакав да бидам во врска со неа

Свет | пред 5 часа

media-libraryn34s6k2qvq8tc2Oa9kV

Трамп подготвува план Б: Ако демократите го преземат Конгресот, ќе продолжи да управува со извршни наредби

Свет | пред 5 часа

media-libraryn34s6k2qvq8tc2Oa9kV

(Видео) „Одвратен си, изгледаш ужасно“: Трамп со жестоки навреди кон новинар откако му поставил непријатно прашање

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања