Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Три лица повредени во рускиот напад врз Киев, погодени трговски центар и индустриска зона

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 21 минута -

Свет
kisev

Киев повторно беше цел на руски воздушен напад, во кој биле погодени трговски центар и објект во индустриска зона. Според градоначалникот Виталиј Кличко, три лица се повредени, а две од нив биле пренесени во болница. Едно лице е во тешка состојба.

— реклама —

Кличко соопшти дека е оштетена и зграда во индустриската зона во градскиот округ Десњански. Сирените за воздушна опасност се огласиле околу 22:46 часот по локално време во Киев и во поголемиот дел од Украина, по предупредувањата за руски балистички ракети.

— реклама —

Нападот е дел од серијата руски воздушни удари врз украинските градови, кои продолжуваат во пресрет на зимата, објави „Киев Индепендент“.

Во претходниот напад, извршен ноќта на 25 ноември врз округот Била Церква во Киевската област, загинало едно лице, а биле оштетени неколку деловни објекти, соопшти регионалниот гувернер Тимур Ткаченко.

— реклама —

Ден претходно, во руски напад врз областа Одеса загинале две лица, меѓу кои и тинејџер, а едно лице било повредено. Истиот ден, во Киев, при напад врз дворот на станбена зграда биле повредени уште две лица.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryh2aohabuoto18k0oXtb

Украина нападна руска воена база: Оштетени пет авиони, меѓу нив и три МиГ-31

Свет | пред 14 часа

— реклама —
media-library4cpig138qjlb4ORBIVj

(Видео) Двајца загинати и 40 повредени во руски напад врз Запорожје, меѓу повредените бебе и три деца

Свет | пред 1 ден

media-libraryefs5qfh0nrc521DwzCJ

По 14 часа под урнатините, спасено седумгодишно момче во Украина

Свет | пред 3 дена

media-librarysnmaa1rl2hgg7Xijxf1

Украина му зададе тежок удар на Путин со разурнувањето на Кримскиот мост

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања