Вчера вечерта, пред седиштето на Комунална хигиена, се одржуваше протест од страна на вработените во претпријатието.
Во рамки на протестот, вработените ја блокираа капијата и не дозволуваа камионите да излезат за да го соберат ѓубрето низ Скопје.
Како последица на тоа, изби инцидент во кој беа повредени тројца работници, а полицијата приведе четири лица.
Некои од вработените дури легнаа на асфалтот за да ги блокираат возилата да излезат од претпријатието.
Сепак и покрај обидите за блокирање, камионите излегоа да го собираат сметот низ Скопје.