Промени тема
Контакт

(ВИДЕО) Трошењата на новиот претседател ќе бидат на увид на јавноста преку Алатката за отчетност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
3-2-1

Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски денеска се сретна со Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. На средбата, министерот Поповски и Претседателот Пендаровски разговараа за Алатката за отчетност, на којашто се прикажани трошоците на министрите, замениците – министри и на директорите на јавните претпријатија.

Во продолжение Ви го испраќаме во целост текстот на изјавата на министерот Поповски:

„Пред сè, ми претставува особено задоволство што имав можност, на Претседателот на државата и лично да му честитам на изборот. Ова е наша прва официјална средба. Она што е значајно од средбата, е тоа што претседателот Пендаровски искажа целосна подготвеност начинот на неговото работење и сето она што значи користење на буџетските средства како Претседател на државата да ги стави на увид на јавноста.

— реклама —

Тоа значи дека онаа Алатка за транспарентност, што Премиерот, министрите во Владата, заменици-министри, директори на јавни претпријатија, веќе во неколку извештајни периоди ја користат и ја презентираат пред граѓаните, ќе биде на своевиден начин прилагодена согласно начинот на кој функционира кабинетот на Претседателот и тие трошења ќе бидат на увид на јавноста.

Ова е огромна разлика во споредба со претходниот претседател Иванов, кој што воопшто немаше намера да ги презентира трошоците и начинот на работење пред граѓаните. Беше целосно нетранспарентен.

— реклама —

Да ја потсетам јавноста, од кога беше воведена Алатката за транспарентност во Владата и предложена на јавните претпријатија, јас мојот кабинет побара да ја употреби и претседателот Иванов. Тој, тоа на најдрастичен начин го одби и кажа дека едноставно нема потреба од такво нешто.

Значи, сега конечно, имаме Претседател, имаме кабинет на Претседателот што ќе биде целосно отворен, транспарентен и целото свое работење и начинот на којшто ги менаџира и средствата и политиките ќе бидат достапни и презентирани пред граѓаните“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања