Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

(Видео) Угина кучето кое ѕверски беше претепано кај „Момин поток“, удирано десетици пати по тело и глава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
kuce-51235

Угина кучето Фелис, кое беше тепано во кругот на „Момин поток“ од возрасно лице, и тоа, крвнички со стап. Од ЈП Лајка, каде го третираа, напишаа дека бил дојден со тешки повреди, но заздравувањето било неизвесно.

— реклама —

— реклама —

„Со бесконечна тага и огромно разочарување ви соопштуваме дека по долга, неуморна, тешка и посветена борба за спасување на животот на Феликс, тој сепак нè напушти и си го најде конечно својот вечен мир. Иако дојде со тешки повреди како сенка од куче, поразено од животот и од човечката бруталност и суровост, тој се бореше со сите можни сили, јуначки до самиот свој крај, давајќи ни верба дека можеби ќе успееме заеднички во оваа незвозможна мисија. Од самото влегување на Феликс во нашето прифатилиште до денес, неговото заздравување беше неизвесно и променливо. Покажуваше бројни подобрувања и влошувања на здравствената состојба, но за време на раните утрински часови Феликс доби напад кој за него беше фатален како резултат од многу здравствени компликации.

— реклама —

Во последните месеци од неговиот живот Феликс, за прват беше опкружен со љубов, грижа, топлина, најубава храна и радост. Првпат имаше шанса да почувствува како е да се биде сакано куче. За жал и последен. Од срце сакаме да ви заблагодариме на сите вам кои бевте инволвирани директно или индиректно во приказната и животот на Феликс давајќа му ја сета потребна поддршка. Феликс ќе остане симбол на борбеноста која ги обедини нашите граѓани, поттикнувајќи емпатија чие влијание сè надеваме дека долго ќе не обединува, а нејзината моќ ќе нè води сите нас кон креирање што поголема благосостојба на бездомните животни“, велат од ЈП Лајка.

Љубе К., 61-годишен скопјанец од Ново Село, е човекот кој со десетици удари по глава го претепа кучето , а потоа со сајла го влечеше по бетонот. За него има кривична пријава до Обвинителството, по која постапува обвинител.

— реклама —

kuce12-udari

(Видео) Куче над 20 пати ѕверски удирано по глава од вработен во фирма во Момин Поток, велат од Анима Мунди

„Страотен облик на суровост и изживување врз мирно бездомно животно во фирма во Момин Поток – куче над 20 пати зверски удирано по глава од вработен! Во друштво на четири полнолетни лица, мажи, мирно бездомно куче е удирано со дебело дрво, најкрвнички и со сета сила, без било кој да интервенира додека кучето урлика од болка и не можејќи да избега или се спаси; случај кој ќе останеше невиден доколку не беше евидентиран на камерите за видео надзор“, велат од Анима Мунди.„Со какви психопати сме опкр

Скопје | пред 1 година

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 8 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 8 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 8 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања