Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Украина изврши напад врз два танкери што превезувале руска нафта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-librarypjco57cfoel00ngaDic

Украинската служба за безбедност (СБУ) соопшти дека, во координација со украинската морнарица, извела напад врз два руски танкери што се наоѓаат под санкции, користејќи поморски дронови од типот „Мамај“.

Според СБУ, цел на операцијата биле танкерите Louise 1 и Banda, а нападите биле извршени во близина на Новоросијск и Сочи, на руското крајбрежје на Црното Море.

— реклама —

Украинската служба објави видеоснимки на кои, како што тврди, се гледа како повеќе поморски дронови ги погодуваат труповите на двата брода, по што следуваат експлозии. Од СБУ наведуваат дека руската авијација се обидела да ги пресретне дроновите со митралески оган и воздушни бомби, но без успех.

— реклама —

Според украинските власти, танкерот Louise 1, кој е под украински и западни санкции, само во текот на 2026 година превезол речиси три милиони тони руска нафта од типот „Уралс“. Од СБУ наведуваат дека целта на нападите е да се намалат приходите на Москва од извозот на нафта, кои, според нив, се користат за финансирање на војната.

Во соопштението се додава дека Louise 1 учествувал во транспортот на руска сурова нафта и покрај ембаргото воведено од земјите од Г7 и Европската Унија, при што, како што тврдат украинските власти, повремено го исклучувал системот за автоматска идентификација.

— реклама —

За вториот погоден танкер, Banda, СБУ наведува дека превезувал руска сурова нафта од пристаништата Уст-Луга, Керч, Новоросијск и Находка.

— реклама —

Поморскиот дрон „Мамај“ првпат беше претставен кон крајот на 2023 година, а Украина во последните недели значително ги интензивира нападите врз руски пловни објекти во Црното Море.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryage971jd357l6uyNUBZ

Жена во Русија прогласена за мртва, два часа подоцна ја откриле жива во мртовечница – лекарот уапсен

Свет | пред 2 часа

— реклама —
media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Путин наводно прифатил безбедносни гаранции за Украина по примерот на членот 5 на НАТО, но поставил услов

Свет | пред 5 часа

media-libraryuidl2tpvr50v4M7V5Sd

Русија губи повеќе војници отколку што регрутира: До 35.000 жртви месечно, тврди американски дипломат

Свет | пред 12 часа

media-librarysq4e7q9pfq8tbS0EOWO

Како се готви во вселената? Русија подготвува необична книга со рецепти

Магазин | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања