Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Украина изврши ноќен напад врз Крим, делови од полуостровот останаа без струја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
krim

Во текот на ноќта Украина изврши напад врз повеќе трафостаници на окупираниот Крим, по што голем дел од полуостровот останал без електрична енергија, јавуваат руски и украински канали на социјалните мрежи.

— реклама —

Според информациите, цел на нападот биле трафостаниците „Бахчисарај“ и „Зимино“. Прорускиот канал Exilenova Plus соопшти дека тие биле погодени во ноќните напади, додека проукраинскиот канал „Кримски ветер“ објави дека на повеќе локации на Крим дошло до прекини во снабдувањето со електрична енергија поради оштетувања на енергетската инфраструктура.

Нападите следуваат само неколку дена по акцијата на украинската Служба за безбедност (СБУ), која на 3 јули соопшти дека извела удари врз две руски воени воздухопловни бази на окупираниот Крим.

— реклама —

Според СБУ, во нападот врз воздухопловната база Саки, втор во рок од една седмица, биле погодени седум хангари во кои биле сместени борбени авиони „Су-30СМ“, „Су-30“ и бомбардери „Су-24“. Украинските власти тврдат дека најмалку седум летала биле уништени или оштетени.

— реклама —

Командантот на украинските Сили за беспилотни системи, Роберт Бровди, познат по прекарот „Маџар“, претходно соопшти дека во текот на 48-часовна операција, спроведена на 1 и 2 јули, биле нападнати 12 трафостаници и една гасна дистрибутивна станица на територии под руска окупација.

Киев смета дека ваквите енергетски објекти претставуваат легитимни воени цели бидејќи, според украинските власти, тие ја поддржуваат руската воена инфраструктура и операциите против Украина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Голем енергетски договор на повидок: Москва и Техеран преговараат за испорака на руски гас

Свет | пред 2 часа

— реклама —
kisev

(Видео) Руски ракетен напад врз Киев: Едно лице загина, десетмина се повредени

Свет | пред 13 часа

media-library9361j74v29b76UxTKKr

Русија ја обвини Украина за засилени напади врз нуклеарната централа Запорожје

Свет | пред 1 ден

media-libraryi0npvirn2uac5Zfvu94

Романија открила мрежа за саботажи за која тврди дека ја координира Русија

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања