Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Украина нападна нафтени објекти на Крим и во Краснодар, има загинати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryli31v9mm3v0k7Dy3gMc

Најмалку четири лица загинаа, а 28 се повредени во украински напад со беспилотни летала врз Крим, кој е под руска контрола, соопштија локалните власти. По нападот, властите ја прекинаа дистрибуцијата на гориво на бензинските станици низ полуостровот.

Гувернерот на Крим, Сергеј Аксјонов, информираше дека од денес во 9 часот по локално време е запрена продажбата на гориво, како за готовински така и за безготовински плаќања, вклучително и преку ваучери за физички и правни лица.

— реклама —

„Горивото ќе биде достапно само за јавните служби што обезбедуваат витално функционирање и безбедност на Република Крим“, изјави Аксјонов.

— реклама —

Во меѓувреме, локалните власти во руската Краснодарска област соопштија дека во одвоен украински напад со дрон загинало едно лице на патнички траект, додека нафтен терминал бил зафатен од пожар. Поради безбедносни причини, привремено е прекинат и траектниот сообраќај преку Керчкиот теснец, кој го поврзува Крим со Краснодарската област.

— реклама —

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинските сили погодиле складиште за нафта во Керч, на Крим, како и постројка за транспорт на нафта во Краснодарската област.

Украинската армија речиси секоја недела изведува напади врз руски рафинерии, нафтоводи и складишта за нафта, со цел да ги намали приходите на Москва од продажбата на енергенси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Русија ја исклучува Европа од преговорите за Украина: „Можат да дојдат ако си купат билети“

Свет | пред 8 часа

— реклама —
media-libraryngcrvfoeij4ibOFEDxF

(Видео) Русија лансираше ракета способна да носи нуклеарно оружје, прелета 5.400 километри

Свет | пред 14 часа

media-libraryvbihsar60ogtaRRwyRX

Русија: Кина плаќа повеќе за течен гас отколку за рускиот природен гас

Свет | пред 17 часа

media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Голем енергетски договор на повидок: Москва и Техеран преговараат за испорака на руски гас

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања