Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Украина погоди клучен руски енергетски центар близу Москва: Избувна огромен пожар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryqka8noq3cchm8wXeTha

Украинската служба за безбедност СБУ ноќеска извршила напад со дронови со долг дострел врз клучна енергетска точка длабоко на руска територија.

Цел на нападот била дистрибутивната станица „Второво“ во Владимирската област, на околу 200 километри источно од Москва, каде што избувнал голем пожар што зафатил површина од околу 800 квадратни метри.

— реклама —

Според украински извори, терминалот „Второво“, управуван од компанијата Транснефт, претставува важен центар за дистрибуција на дизел гориво и снабдување на московските аеродроми Шереметјево, Домодедово и Внуково.

— реклама —

Од СБУ наведуваат дека нападот бил насочен исклучиво кон стратешка и воена инфраструктура поврзана со руската агресија.

— реклама —

„За разлика од непријателот, кој намерно гаѓа цивилна инфраструктура и мирни луѓе, Украина изведува прецизни удари исклучиво врз воени и стратешки цели“, изјавил шефот на СБУ, Јевхениј Хмара.

Украинските власти тврдат дека повеќе дронови успеале да ги избегнат руските системи за електронско војување и прецизно да ја погодат инфраструктурата.

Од СБУ посочуваат дека нападот е дел од поширока кампања за слабеење на рускиот воено-индустриски потенцијал и најавуваат продолжување на операциите длабоко во руска територија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Русија ја исклучува Европа од преговорите за Украина: „Можат да дојдат ако си купат билети“

Свет | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryngcrvfoeij4ibOFEDxF

(Видео) Русија лансираше ракета способна да носи нуклеарно оружје, прелета 5.400 километри

Свет | пред 18 часа

media-libraryvbihsar60ogtaRRwyRX

Русија: Кина плаќа повеќе за течен гас отколку за рускиот природен гас

Свет | пред 20 часа

media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Голем енергетски договор на повидок: Москва и Техеран преговараат за испорака на руски гас

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања