Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Украина тврди дека погодила 21 руски танкер во Азовското Море

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-librarymt1tnf09948i3gVlUxE

Украинските одбранбени сили соопштија дека во ноќта меѓу 10 и 11 јули извршиле напад врз руски пловила во Азовското Море, при што, според нивните тврдења, бил погоден 21 руски танкер.

Од Генералштабот на украинската армија соопштија дека танкерите се користеле за превоз на нафта и нафтени деривати со цел заобиколување на меѓународните санкции и обезбедување приходи за финансирање на руската воена агресија врз Украина.

— реклама —

Според украинската страна, во нападот биле погодени и четири влечни брода, два товарни брода за сув товар и еден багер-брод. Тие, како што наведуваат, биле користени за воена логистика, транспорт на товар и одржување на пристанишната инфраструктура.

— реклама —

Засега нема официјални информации за обемот на штетата.

— реклама —

Командантот на украинските сили за беспилотни системи, Роберт „Маѓар“ Бровди, подоцна изјави дека во нападот биле погодени вкупно 28 руски пловила.

Претходно, аналитичарите од групата „CyberBoroshno“, кои се занимаваат со анализа на јавно достапни информации, објавија дека во нападите биле погодени пловила од таканаречената „флота во сенка“, како и пристаништа и една руска нафтена рафинерија.

Според украинските извори, по нападот врз руските пловила, Русија привремено го запрела сообраќајот низ каналот Дон–Азов, кој ја поврзува реката Дон со Азовското Море. Руските власти засега не ги потврдија овие информации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysnmaa1rl2hgg7Xijxf1

(Видео) Три лица загинаа, а 17 се повредени во украински напад со дронови врз Русија

Свет | пред 1 ден

— реклама —
Screenshot-2025-02-10-at-08.55.43

Маск обвини дека Украина го користела „Старлинк“ за напади со дронови: „Го блокиравме тоа минатата недела“

Свет | пред 2 дена

media-library67u1l8gcbbcvdhCdzPx

Што ќе се случи ако Трамп ја прекине воената поддршка за Украина?

Свет | пред 3 дена

media-library0k59l1bbd0kf0Z0SkRg

(Видео) Украински дронови нападнаа хемиска фабрика во Русија, избувна голем пожар

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања