Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Украина тврди дека уништила руски стратешки бомбардер Ту-95

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryal7tn11j3fht2MfVpaw
Photo by Mike Andersen on Unsplash

Украинските одбранбени сили уништија руски стратешки бомбардер Ту-95 на воениот аеродром Енгелс, на реката Волга во централна Русија, околу 800 километри од руско-украинската граница, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Силите на Службата за безбедност на Украина (СБУ) го уништија воениот авион Ту-95 во Енгелс, кој се користеше за руските ракетни напади врз нашата земја“, изјави Зеленски.

— реклама —

Тој додаде дека украинските сили извршиле напади и врз објекти на руската нафтена индустрија, како и врз одредени цели на териториите под руска окупација, оценувајќи дека со тоа се зголемува цената на руската агресија.

— реклама —

Од СБУ соопштија дека, според првичните информации, авионот претрпел критични оштетувања, меѓу кои и целосно одвојување на задниот дел од леталото.

— реклама —

„СБУ систематски ги уништува важните елементи на руската воена машинерија. Секој уништен стратешки бомбардер значи десетици неиспукани ракети кон украинските градови, спасени човечки животи и десетици милиони долари непоправлива штета за непријателот“, се наведува во соопштението.

Рускиот стратешки бомбардер Ту-95 се користи за лансирање крстосувачки ракети во нападите врз цели во Украина.

Руските власти засега не ги потврдија тврдењата на Украина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Голем енергетски договор на повидок: Москва и Техеран преговараат за испорака на руски гас

Свет | пред 29 минути

— реклама —
kisev

(Видео) Руски ракетен напад врз Киев: Едно лице загина, десетмина се повредени

Свет | пред 11 час

media-library9361j74v29b76UxTKKr

Русија ја обвини Украина за засилени напади врз нуклеарната централа Запорожје

Свет | пред 22 часа

media-libraryi0npvirn2uac5Zfvu94

Романија открила мрежа за саботажи за која тврди дека ја координира Русија

Свет | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања