Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Украина тврди: Погодени стратешки нафтени постројки во Русија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
rafinerija-rusija

Дронски напади рано утрово погодија две рафинерии на нафта во Русија – во Краснодар и во Самара, при што избувна голем пожар и беше предизвикана значителна штета. Информацијата ја објави Kyiv Post, повикувајќи се на официјални извори.

— реклама —

Нападот во Краснодар се случил околу 3:30 часот по локално време, кога градот бил потресен од серија експлозии. Жителите пријавиле десетици детонации и активирање на системите за противвоздушна одбрана. Според сведоци, непосредно пред експлозиите се слушал звук на дронови над градот. На социјалните мрежи брзо се појавија снимки од пожар во нафтената рафинерија.

— реклама —

Работниците биле веднаш евакуирани, а на местото пристигнале пожарникари и итни служби. Засега нема информации за жртви. Руските власти потврдија дека остатоци од дрон погодиле дел од технолошкиот сегмент на рафинеријата во Краснодар, при што пожарот зафатил површина од околу 300 квадратни метри.

Истовремено, украинскиот Генерален штаб објави дека нивните сили повторно ја погодиле рафинеријата во градот Сизран, во Самарската област. Постројката таму произведува бензин, дизел, авионско гориво, мазут и битумен, а до август 2025 година обработувала до 8,5 милиони тони сурова нафта годишно.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycotrkdlsoidr1imd1cr

Најмалку 13 загинати во руски напад врз железнички перон во Украина

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library3b1ehvm9660rd5i4hA6

Русија тврди дека 613 дронови се упатиле кон Москва во текот на ноќта

Свет | пред 1 ден

media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Русија ја исклучува Европа од преговорите за Украина: „Можат да дојдат ако си купат билети“

Свет | пред 2 дена

media-libraryngcrvfoeij4ibOFEDxF

(Видео) Русија лансираше ракета способна да носи нуклеарно оружје, прелета 5.400 километри

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања