Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Украина возврати по смртоносниот напад врз Киев, пожар и чад над една од најголемите руски рафинерии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-library5qnt0vapinajfcIIO6S

Украина извршила голем напад со беспилотни летала врз воена и енергетска инфраструктура во повеќе руски региони, а на социјалните мрежи се појавија снимки од голем пожар во рафинерија за нафта во Рјазањ.

Фотографии и видеа објавени на интернет прикажуваат густ чад и голем пожар во рафинеријата во Рјазањ, која се смета за една од најголемите во Русија, со годишно производство од над 17,1 милиони тони нафта.

— реклама —

Жителите на градот изјавиле дека виделе повеќе дронови пред да се слушнат силни експлозии во близина на рафинеријата. Рјазањ се наоѓа на околу 450 километри од украинската граница и 180 километри југоисточно од Москва.

Гувернерот на Рјазањската област, Павло Малков, изјавил дека остатоци од дрон погодиле неименувано претпријатие и неколку станбени згради. Според него, загинале три лица, а 12 биле повредени.

— реклама —

Истовремено, руски Телеграм-канали објавија дека по дејствување на противвоздушната одбрана бил забележан чад над воениот аеродром во местото Јејск во Краснодарскиот регион.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, соопштил дека биле соборени пет украински дронови кои се приближувале кон рускиот главен град. Поради нападите привремено бил прекинат сообраќајот на аеродромите Домодедово и Шереметјево.

Експлозии биле пријавени и во Евпаторија и Саки, објави Телеграм-каналот „Кримски ветер“.

— реклама —

Украинската војска засега официјално не се огласила за нападите.

Нападот следува само еден ден по големиот руски ракетен и дронски удар врз Киев, во кој загинаа најмалку 21 лице, а 47 беа повредени.

— реклама —

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека ѝ наредил на армијата да подготви „можни формати на одговор“.

Украинските напади врз руската нафтена инфраструктура во април достигнале четиримесечен максимум, со најмалку 21 напад врз рафинерии, нафтоводи и нафтени постројки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryage971jd357l6uyNUBZ

Жена во Русија прогласена за мртва, два часа подоцна ја откриле жива во мртовечница – лекарот уапсен

Свет | пред 6 часа

— реклама —
media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Путин наводно прифатил безбедносни гаранции за Украина по примерот на членот 5 на НАТО, но поставил услов

Свет | пред 9 часа

media-libraryuidl2tpvr50v4M7V5Sd

Русија губи повеќе војници отколку што регрутира: До 35.000 жртви месечно, тврди американски дипломат

Свет | пред 16 часа

media-librarysq4e7q9pfq8tbS0EOWO

Како се готви во вселената? Русија подготвува необична книга со рецепти

Магазин | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања