Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Украинците ликвидираа важен човек од најголемата нуклеарна централа во Европа: „Во клучен момент тој застана покрај Русите“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
0303fb08-04a2-4090-b67d-e450f9e20c1f

Вработен во нуклеарната централа Запорожје, моментално под руска контрола, загинал кога во петокот наутро недалеку од неговиот дом во градот Енерходар под неговиот автомобил била активирана експлозивна направа, пишува Гардијан.

Украинската воена разузнавачка служба соопшти дека е казнет „воен злосторник“.

— реклама —

Рускиот истражен комитет соопшти дека е покрената кривична постапка за смртта на Андреј Коротки, кој работел во одделот за безбедност во фабриката.

https://x.com/olex_scherba/status/1842126622758998306?ref_src=twsrc%5Etfw

— реклама —

Украинската воена разузнавачка служба објави видео од експлозијата на неговиот автомобил и во соопштение го нарече „воен злосторник“ и руски соработник, обвинувајќи го за репресија врз Украинците и дека и предал на Русија список на вработени во електраната. конкретно истакнувајќи луѓе со проукраински ставови.

Од друга страна, раководството на електраната - најголемата во Европа со шест нуклеарни реактори - ги обвини украинските власти за организирање на убиството.

— реклама —

Исто така, Украина соопшти дека погодила складиште за нафта во рускиот пограничен регион Воронеж во напад со беспилотно летало што наводно предизвикало голем пожар.

Извор од безбедносната служба СБУ изјави за агенцијата Франс прес дека складиште со 20 резервоари за гориво и лубрикант бил погоден во напад со дрон во петокот вечерта.

— реклама —

„Непријателската противвоздушна одбрана беше активна, но неуспешна“, рече изворот, додавајќи дека има извештаи за „голем пожар“.

Руските служби за итни случаи известија дека пожарот се проширил на 2.000 квадратни метри од магацинот во кој се чувала нафтата. Гувернерот на регионот Воронеж претходно го потврди нападот од украинскиот дрон.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarysq4e7q9pfq8tbS0EOWO

Како се готви во вселената? Русија подготвува необична книга со рецепти

Магазин | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryct492hg3j5qs9mr9QcJ

Руски ракети погодија три моста во Киев, загинаа тројца, а десетици се повредени

Свет | пред 1 ден

media-librarylbc8fiscfaqlcMv63FH

Русија, Кина и Иран бараат гаранции дека САД и Израел нема повторно да ја нападнат иранската нуклеарна инфраструктура

Свет | пред 2 дена

fajzer-vakcina-vakcinacija-1

Првиот пациент ја заврши терапијата со руската вакцина против рак, до крајот на 2027 година ќе ја примат уште 120 пациенти

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања