Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Украински дронови нападнале воена база и рафинерија длабоко во Русија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-librarylpnn2qdtj5aqa93He0B

Две стратешки цели длабоко на руска територија биле мета на напади со украински беспилотни летала – воената воздухопловна база „Централни“ во Ростов на Дон и рафинерија за нафта во Јарослављ.

Нападот врз воената база во регионот Ростов го објави украинскиот Телеграм-канал „Exilenova+“. Според информациите што ги пренесува каналот, беспилотните летала погодиле авиони и инфраструктура во рамките на базата. Овие наводи засега не се независно потврдени.

— реклама —

На објавените снимки се гледаат силни експлозии на земјата, меѓу кои и големи секундарни детонации, додека на небото се забележува засилена активност на противвоздушната одбрана.

— реклама —

Пожарот во базата бил регистриран и преку сателитскиот систем FIRMS на НАСА, кој следи топлински аномалии и пожари. Засега нема податоци за точниот обем на причинетата штета, ниту за тоа дали и колку руски авиони биле оштетени или уништени.

Во исто време, беспилотни летала ја нападнале и рафинеријата за нафта во Јарослављ. Гувернерот на регионот Јарослављ, Михаил Јеврајев, потврдил дека објектот бил погоден и претрпел штета.

— реклама —

По нападот избувнал пожар, по што на терен биле испратени службите за итни случаи и пожарникарите. Јеврајев подоцна соопштил дека пожарот бил изгаснат.

— реклама —

Руските власти засега немаат објавено дополнителни детали за размерот на штетата. Не е познато ниту дали нападот ќе има последици врз производството и понатамошното работење на рафинеријата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Путин наводно прифатил безбедносни гаранции за Украина по примерот на членот 5 на НАТО, но поставил услов

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-libraryuidl2tpvr50v4M7V5Sd

Русија губи повеќе војници отколку што регрутира: До 35.000 жртви месечно, тврди американски дипломат

Свет | пред 8 часа

media-librarysq4e7q9pfq8tbS0EOWO

Како се готви во вселената? Русија подготвува необична книга со рецепти

Магазин | пред 1 ден

media-libraryct492hg3j5qs9mr9QcJ

Руски ракети погодија три моста во Киев, загинаа тројца, а десетици се повредени

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања