Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Украински командант: Од оваа соба се управува најсмртоносната операција во историјата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-library1b1mpc2l8im29KL765H
screenshot x

Командантот на украинските Сили за беспилотни системи, Роберт „Маџар“ Бродви, во видео-изјава зборуваше за интензивната употреба на дронови во војната против руските сили.

— реклама —

Тој тврди дека беспилотните летала се одговорни за најголемиот број загуби на противнички војници во историјата на војувањето, наведувајќи дека преку нив се „елиминирани“ десетици илјади руски војници.

„Во оваа просторија се одвива најмасовното уништување на непријателот во историјата на човештвото. За 10 месеци од формирањето достигнавме бројка од 85.000 потврдени елиминирани непријателски војници“, изјави Бродви.

— реклама —
— реклама —

Тој додаде дека украинските сили со дронови убиваат повеќе руски војници отколку што руската армија успева да мобилизира, оценувајќи дека тоа претставува „пресвртна точка“ во конфликтот.

Според неговите тврдења, евтина технологија, како дронови кои чинат меѓу 300 и 500 долари, се разменува за „голем број непријателски загуби“, што, како што рече, претставува најнеповолен „сооднос“ за противникот.

Неговите изјави доаѓаат во период на засилена употреба на беспилотни системи на бојното поле, каде што двете страни сè повеќе се потпираат на дронска технологија за извидување и напади.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysnmaa1rl2hgg7Xijxf1

(Видео) Три лица загинаа, а 17 се повредени во украински напад со дронови врз Русија

Свет | пред 2 дена

— реклама —
Screenshot-2025-02-10-at-08.55.43

Маск обвини дека Украина го користела „Старлинк“ за напади со дронови: „Го блокиравме тоа минатата недела“

Свет | пред 3 дена

media-library67u1l8gcbbcvdhCdzPx

Што ќе се случи ако Трамп ја прекине воената поддршка за Украина?

Свет | пред 4 дена

media-library0k59l1bbd0kf0Z0SkRg

(Видео) Украински дронови нападнаа хемиска фабрика во Русија, избувна голем пожар

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања