Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија?

Во живо „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Украинските напади оставија дел од Крим без струја, жителите чекаат топол оброк на улица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-library2aig2390j1ple6eUqwU

Жителите на кримскиот град Масандра, кои поради прекините во снабдувањето со електрична енергија останаа без можност да готват во своите домови, чекаат во редици за топол оброк што се подготвува на улица, објави Ројтерс.

Во повеќе градови на Крим, полуостровот што Русија го анектираше во 2014 година, во текот на летото има проблеми со снабдувањето со електрична енергија по украинските напади врз електрани и друга инфраструктура.

— реклама —
— реклама —

Началничката на градската управа на Масандра, Оксана Маџуд, изјави дека секојдневно се обезбедуваат околу 200 топли оброци за жителите. На менито има хељда со загреано конзервирано говедско месо.

„Подготвуваме топли оброци бидејќи во сегашните услови не сите имаат можност да готват на електрични шпорети“, изјави таа.

— реклама —

Жителката Марина раскажа дека поради болка во ногата тешко се симнува од својот стан на десеттиот кат, но прекинот на струјата ја принудил да побара плинско решо.

Друга жителка, Александра, изјавила дека по десет дена без електрична енергија, струјата повторно била вклучена, но не е сигурна дали снабдувањето ќе остане стабилно.

Украина соопштува дека со нападите врз цели на руска територија и на подрачјата под контрола на Москва одговара на руските напади врз украинските градови, кои траат од почетокот на инвазијата во 2022 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysnmaa1rl2hgg7Xijxf1

(Видео) Три лица загинаа, а 17 се повредени во украински напад со дронови врз Русија

Свет | пред 2 дена

— реклама —
Screenshot-2025-02-10-at-08.55.43

Маск обвини дека Украина го користела „Старлинк“ за напади со дронови: „Го блокиравме тоа минатата недела“

Свет | пред 3 дена

media-library67u1l8gcbbcvdhCdzPx

Што ќе се случи ако Трамп ја прекине воената поддршка за Украина?

Свет | пред 4 дена

media-library0k59l1bbd0kf0Z0SkRg

(Видео) Украински дронови нападнаа хемиска фабрика во Русија, избувна голем пожар

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања