Промени тема
Контакт

(Видео) Ураганот Труди го погоди мексиканскиот брег, предупредување за поплави и свлечишта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 час -

Свет
media-library3g7snnpg5fc23SjjbPp
Илустрација

Ураганот Труди, проследен со обилни врнежи и силни ветрови, денеска погоди делови од пацифичкиот брег на Мексико. Американскиот Национален центар за урагани предупреди дека можните поплави и свлечишта би можеле да бидат опасни по живот.

— реклама —

Предупредувањето за ураган останува во сила на подрачјето од Манзанило, во сојузната држава Колима, до Капо Кориентес, во Халиско, објави АП.

Според најновите податоци на Националниот центар за урагани, ураганот од втора категорија, со постојани ветрови до 165 километри на час, се наоѓа на околу 215 километри јужно-југозападно од Капо Кориентес и 185 километри западно-југозападно од Манзанило. Се движи кон северозапад, но во соопштението не е наведена брзината на движење.

— реклама —

Се очекува центарот на ураганот да остане во близина на мексиканскиот брег до недела навечер, пред да се придвижи јужно од полуостровот Долна Калифорнија.

— реклама —

Мексиканската морнарица ги повика морепловците и жителите на крајбрежјето на максимална претпазливост поради високите бранови, обилните врнежи и опасноста од зголемување на нивото на реките, поплави и свлечишта.

Властите во сојузната држава Колима соопштија дека засега ризиците се мали, но предупредија дека обилните врнежи може да предизвикаат штети, бидејќи почвата е веќе натопена од претходните последователни бури што го погодија пацифичкиот брег.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3g7snnpg5fc23SjjbPp

И Бахамите го чекаат ударот на „Мелиса“ – најсилниот ураган во последните 90 години пустоши низ Карибите

Свет | пред 11 месец

— реклама —
media-library3g7snnpg5fc23SjjbPp

Јамајка е пред голема опасност, ураганот „Мелиса“ ќе удри силно!

Свет | пред 11 месец

uragan-florida

Ураганот Лесли се приближува кон Европа, локален метеоролог открива какви ќе бидат последиците

Свет | пред 2 години

Screenshot-2024-10-10-at-12.08.50

(Видео) Превртениот авион покажува колку бил силен ураганот „Милтон“

Свет | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања