Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

И Бахамите го чекаат ударот на „Мелиса“ – најсилниот ураган во последните 90 години пустоши низ Карибите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
media-library3g7snnpg5fc23SjjbPp
Илустрација

Бахамите се подготвуваат за ударот на ураганот Мелиса, кој денес пристигнува по своето разорно патување низ Карибите. Бурата, која зад себе остави пустош во Јамајка, поплави во Куба и 24 жртви во Хаити, продолжува да се движи со огромна сила, предупредуваат метеоролозите.

— реклама —

Според Националниот центар за урагани на САД (NHC), временските услови на Бермуда ќе се влошат во доцните попладневни часови и вечерта, кога се очекуваат налети на ветер што ќе достигнат до 150 километри на час.

— реклама —

Ураганот Мелиса, кој во вторникот ја погоди Јамајка како бура од највисоката — петта категорија според скалата Сафир-Симпсон, беше најмоќниот што стигнал до копното во последните девет децении. Ветровите со брзина од околу 300 километри на час предизвикаа масовна штета и уништени цели региони на островот.

Во Куба, каде што поројните дождови предизвикаа поплави и урнување на покриви, властите соопштија дека нема човечки жртви, но материјалната штета е огромна. Сантијаго де Куба, вториот по големина град во земјата, остана без електрична енергија, а многу далноводи паднаа на земја.

— реклама —

Во меѓувреме, Хаити, кој не беше директно погоден од ураганот, но претрпе тешки последици од обилните дождови, брои најмалку 24 загинати, меѓу кои и десет деца, додека 18 лица сè уште се водат како исчезнати, според најновиот извештај на Обединетите нации.

Според најновата анализа на климатолози од Империјал колеџ во Лондон, климатските промени предизвикани од човекот придонеле ураганот Мелиса да биде значително помоќен и поразорен од сличните бури во минатото.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3g7snnpg5fc23SjjbPp

(Видео) Ураганот Труди го погоди мексиканскиот брег, предупредување за поплави и свлечишта

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-library3g7snnpg5fc23SjjbPp

Јамајка е пред голема опасност, ураганот „Мелиса“ ќе удри силно!

Свет | пред 11 месец

uragan-florida

Ураганот Лесли се приближува кон Европа, локален метеоролог открива какви ќе бидат последиците

Свет | пред 2 години

Screenshot-2024-10-10-at-12.08.50

(Видео) Превртениот авион покажува колку бил силен ураганот „Милтон“

Свет | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања