ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Утре прослава на денот на реката Дрим - да ја подигнеме свеста кај локалното население и јавноста за значењето на Дримскиот басен и неговиот екосистем

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
drimski

Секоја година на 06.05 се прославува денот на реката Дрим во сите под-сливови на проширениот прекуграничен басен под покровителство на Drin Corda и Drin Core Group.

— реклама —

Главна цел на одбележувањето на денот на реката Дрим е подигнување на свеста кај локалното население и пошироката јавност за значењето на Дримскиот басен и неговиот екосистем, потребата за негова заштита и постојано одржување, како и придобивките кои ги има локалното население од неговото нормално функционирање.

Оваа година здружението за заштита и одржлив развој на животната средина регионален зелен центар Охрид во соработка со Центар за одржлив развој на заедницата, ОУ Ванчо Николески с.Лескоец и ОУ Дебрца Општина Дебрца, ја организира прославата на денот на реката Дрим на 05.05.2021 година.

— реклама —

Во склоп на активностите е изработена брошура насловена „10 ГОДИНИ ЗАЕДНО ЗА РЕКАТА ДРИМ“, поставена е изложба „10 ГОДИНИ ЗАЕДНО ЗА РЕКАТА ДРИМ“ во Stevee's Coffee House ( Hotel Royal View) која исто така е достапна виртуелно изработени се пет кратки видеа :

Изворот на реката Црн Дрим :

Река Сатеска:

Река Коселска:

Од Струга до селото Ташмаруништа:

Езеро Глобочица и Дебарско Езеро:

Исто се оддржа и онлајн едукативна средба во која беа вклучени учениците од ОУ Ванчо Николески с.Лескоец, ОУ Дебрца Општина Дебрца, како и учениците од Гимназијата С.О.У 28 Ноември од Дебар.

Во согласност со препораките на Владата и Светска здравствена организација, одбележувањето на денот на Дрим ќе ги почитува сите мерки кои се предвидени за организирање на вакви настани. Овогодинешната прослава премиерно ќе биде прикажана преку видео кое ќе биде поставено на соодветна платформа.

извор: Здружение за заштита и одржлив развој на животната средина регионален зелен центар Охрид

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања