Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Утрото по забавите: Охрид затрупан во смет, комуналците во трка да го исчистат градот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Настани
media-librarytslabvsr673p5AvchH2

Охрид утринава осамна затрупан во отпад по неколкуте ноќи исполнети со концерти, забави и илјадници посетители кои до раните утрински часови останаа низ центарот и охридските улици.

— реклама —

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ уште од рано изутрина беа на терен, обидувајќи се да го исчистат градот пред повторно да започне секојдневното функционирање и пристигнувањето на нови туристи.

На речиси секој чекор можеше да се забележат празни шишиња од алкохол, лименки, амбалажа од брза храна, хартија и друг отпад оставен зад посетителите.

— реклама —

Според жителите, ваквата слика не е исклучок, туку се повторува веќе трет ден по ред, откако во Охрид започнаа серија концерти и големи музички настани што привлекоа десетици илјади посетители.

— реклама —

Дел од охриѓаните реагираат дека градот во овие денови тешко функционира поради големиот број гости, а дополнителен револт предизвикува отпадот што останува по улиците, кејот и јавните површини.

И покрај тоа што комуналните служби секое утро го расчистуваат централното градско подрачје, жителите апелираат посетителите да покажат поголема грижа и одговорност кон градот, наместо зад себе да оставаат смет на јавните површини.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library80jfe7218uilfQjuGU2

Почина 57-годишен маж откако се превртело пловилото со кое управувал во Охридското Езеро

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarygpfh31afti265nPFb3R

„Охридски комуналец“ со апел до граѓаните: Не приближувајте се до ископот кај поранешните подземни контејнери

ОО | пред 2 седмици

media-librarye9d0qqtdkbk03Ee2GvW

Пецаков: Да го чуваме споменот на хероите кои се жртвуваа за слободна Македонија

ОО | пред 2 седмици

media-libraryuorm5rg4lhh68fwu8X9

Од понеделник „Безбеден град“ се активира и во Охрид

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања