Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(ВИДЕО) Утврдени неправилности во над половина од контролираните отпади

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
otpad-2

На 14 и 15.02.2022 полициски службеници од Бирото за јавна безбeдност - Оддел за криминалистички истраги во содејство со секторите за внатрешни работи на територијата на државата во координација со инспектори од Државниот инспекторат за животна средина извршија зајакнати контроли во кои беа опфатени 100 отпади на територијата на државата, вклучувајќи 62 отпади во регистрирани правни субјекти, 38 нерегистрирани, односно „диви отпади“.

— реклама —

Притоа, во 27 регистрирани правни субјекти и во сите 38 нерегистрирани отпади утврдени се неправилности, за што ќе следат соодветни поднесоци од страна на МВР и Државниот инспекторат за животна средина.

На територијата на град Скопје во 36 отпади се извршени проверки, во координација со Државен пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина, при што кај 12 субјекти е утврдено дека не поседуваат дозвола за вршење на дејност „складирање на отпад“ и поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животна средина и природата со отпад“ по член 230 од Кривичниот законик, за 7 субјекти се констатирани прекршоци од страна на Државниот инспекторат за животна средина, а кај 17 субјекти се констатирани прекршоци од Државниот пазарен инспекторат. Oд страна на Одделението за криминалитсички работи Центар и Бит Пазар од еден субјект привремено се одземени предмети за кои постојат основи на сомнение дека потекнуваат од сторено кривично дело „кражба“по член 235 од Кривичниот законик.

— реклама —

На подрачјето на СВР Штип од вкупно 12 контролирани локации, кај еден правен субјект се констатирани неправилности, а 10 физички лица не биле регистрирани и не поседувале дозволи, поради што санкционирани се со забрана за работа до отстранување на нерегуларностите. Од 15 контроли на подрачјето на СВР Битола, кај 8 правни субјекти и кај 7 физички лица се утврдени неправилности и ќе следуваат поднесоци, а од 8 контроли на подрачјето на СВР Тетово, 4 правни субјекти работеле без комплетна документација, а кај 1 се констатирани неправилности по што ќе следуваат санкции. На подрачјето на СВР Струмица од 12 контролирани отпади, за 5 нелегални отпади ќе следуваат санкции, а во 1 правен субјект се констатирани неправилности, за што ќе следува поднесок.

bYNx1QR_JII

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања