Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Вака денес изгледа Бахмут: „Тука повеќе никогаш нема да има живот“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryaarpc133sj550cXUxEp
screenshot x

Центарот на Бахмут денес изгледа како целосно уништен град, една година по завршувањето на една од најкрвавите битки во војната во Украина.

Украинскиот новинар Илија Пономаренко објави снимка од разрушениот град, кој го опиша како „Верден на нашето време“ и симбол на невидено уништување.

— реклама —

Тој потсети дека Бахмут пред војната бил развиен град со повеќе од 70 илјади жители, познат по фонтаните, производството на сол и пенливо вино, како и по кафулињата, рестораните и уредените улици.

„Сега нема ништо освен смрт, урнатини и празнина“, напиша Пономаренко.

— реклама —

Битката за Бахмут беше една од најдолгите и најсмртоносните воени операции од почетокот на руската инвазија врз Украина.

Со месеци се водеа жестоки улични и рововски борби, а воените аналитичари често ја споредуваа со битките кај Верден и Сталинград.

— реклама —

Главна улога во рускиот напад имаше платеничката група „Вагнер“, предводена од Евгениј Пригожин.

Руските сили користеа тактика на целосно уништување, при што беа разурнати станбени населби и цивилна инфраструктура.

По речиси десет месеци борби, Бахмут во мај 2023 година целосно падна под руска контрола.

На крајот од битката, од предвоените 70 илјади жители во градот останаа само неколку цивили кои преживуваа во подруми без струја, вода и греење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Русија ја исклучува Европа од преговорите за Украина: „Можат да дојдат ако си купат билети“

Свет | пред 14 часа

— реклама —
media-libraryngcrvfoeij4ibOFEDxF

(Видео) Русија лансираше ракета способна да носи нуклеарно оружје, прелета 5.400 километри

Свет | пред 19 часа

media-libraryvbihsar60ogtaRRwyRX

Русија: Кина плаќа повеќе за течен гас отколку за рускиот природен гас

Свет | пред 22 часа

media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Голем енергетски договор на повидок: Москва и Техеран преговараат за испорака на руски гас

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања