ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Ванс им одржа говор на војниците: Кој ја сака мисирката? Пилешкото секогаш е добро

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryosi6pv1mkuh58M6l0fZ
Х

Американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс вчера одржа неочекуван говор, префрлувајќи се од темата за трагичната престрелка во Вашингтон Д.С. на расправа за вкусот на мисирката за Денот на благодарноста. Додека главниот град беше во хаос по нападот во кој загинаа двајца припадници на Националната гарда, Ванс им се обрати на војниците од воена база во Кентаки, а неговиот настап предизвика згрозување во јавноста, пренесува „Ајриш стар“.

— реклама —

Ванс вчера попладне ги посети војниците во базата Форт Кембел во Кентаки за да им упати порака по повод Денот на благодарноста. По краткото спомнување на инцидентот во главниот град, следуваше неочекуван пресврт.

„Кој навистина ја сака, бидете искрени со себе – кој навистина ја сака мисирката?“ ги праша Ванс присутните. Откако одекна аплауз, продолжи: „Сите лажете, сите што ги кренавте рацете. Мисирката всушност не е толку вкусна. Пилешкото секогаш е добро“, изјави тој.

— реклама —

Зошто Американците за Денот на благодарноста јадат мисирка?
Традиционалното послужување мисирка на Денот на благодарноста во САД се поврзува со првите доселеници во Нова Англија и нивните прослави по жетвата во 17. век, иако историските записи не потврдуваат дека мисирка навистина била послужена во 1621 година, на славниот „прв Ден на благодарноста“.

Сепак, мисирката била домашна и лесно достапна дивa птица која можела да нахрани поголема група луѓе, па природно станала симбол на есенската американска гозба. Во 19. век, особено благодарение на популарните описи во книги и списанија, како и на влијанието на Абрахам Линколн, кој во 1863 година го прогласи Денот на благодарноста за национален празник, мисирката се зацврсти како централeн елемент на традицијата.

Така постепено прерасна во културен симбол на семејната заедничка вечера, благосостојбата и ритуалот на собирање, што и денес е дел од американскиот идентитет.

Ванс сепак се огласи и за нападот
Во истиот говор, Ванс ги повика „сите кои се верници“ да се молат за двајцата припадници на Националната гарда, додавајќи дека многу околности од нападот, вклучувајќи го мотивот на напаѓачот, сè уште не се познати. „Мислам дека ова е тажен потсетник дека војниците – било да се активни, во резерва или во Националната гарда – се мечот и штитот на Соединетите Американски Држави“, рече Ванс.

За време на престрелката, ниту претседателот Доналд Трамп не беше во главниот град. Тој се наоѓаше на својот голф-терен во Вест Палм Бич, а речиси еден час по првите информации за нападот објави статус на социјалната мрежа Truth Social кој не беше поврзан со инцидентот, што укажува дека сè уште не бил информиран за трагедијата.

Подоцна сепак се огласи. „Животното што ги застрела двајцата припадници на Националната гарда – при што двајцата се критично повредени и сега се во две различни болници – исто така е тешко рането, но без оглед на тоа, ќе плати многу висока цена“, порача тој.

Ванс беше нападнат онлајн
„Бог да ја благослови нашата Голема Национална гарда и сите наши воени и полициски сили. Тие навистина се Големи Луѓе. Јас, како претседател на Соединетите Американски Држави, и сите поврзани со Кабинетот на Претседателот, сме со вас!“, додаде Трамп.

media-libraryhjrud34438e1988Sq0b

Необичниот говор на Ванс и целата ситуација предизвикаа лавина гневни реакции на социјалните мрежи. „Акцијата за активирање на Националната гарда штотуку доведе до смрт на двајца војници кои воопшто не требаше да бидат во Вашингтон. Ова е толку трагично“, напиша еден корисник под видеото од говорот.

„Славите како да не се случило ништо“
„Немаше никаква добра причина тие да бидат испратени на улиците на Вашингтон. Умреа поради перформативен потег“, додаде друг. Јавноста ја критикуваше и објавата на профилот на Ванс на мрежата X, каде беше споделен пренос во живо од разговорот на музичарот Кид Рок со војската.

„Двајца припадници на Гарда загинаа, а вие само го славите Денот на благодарноста како да не се случило ништо. Ох, кратко спомнување на молитвите, а потоа веднаш назад кон славењето“, коментираше еден корисник. „Проклетиот Кид Рок… за бога, каква група неозбилни луѓе… навистина??“, порача друг.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4vfbgp207jh69NkQlER

„Истрелавме Орешник“ тоа е одмазда за ударот врз резиденцијата на Путин“, порача Русија

Свет | пред 5 дена

media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Две лица уапсени во Кичево — осомничени за напад со нож!

Македонија | пред 1 седмица

Screenshot-2025-08-15-at-22.13.40

Путин лично му се јавил на Трамп: „Ме информираше за нападот со дронови врз неговата резиденција - Москва најавува одговор

Свет | пред 2 седмици

media-librarymp3bktgadqk61PQsqXH

Брутален напад врз Киев: експлозии од хиперсонични и крстосувачки ракети

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања