Фудбалските репрезентации на Иран и Египет одиграа нерешено 1:1 во натпреварот од третото коло на Светското првенство.
Со освоениот бод, Египет го заврши натпреварувањето како второпласиран во групата Г, додека првото место го презеде Белгија. Иран останува на третата позиција, но засега е меѓу осумте најдобро пласирани третопласирани селекции кои се надеваат на пласман во нокаут-фазата.
Иранците во самиот финиш тргнаа на сѐ или ништо, а во 93. минута Шоџа Халилзаде ја затресе мрежата и донесе огромна радост, мислејќи дека го постигнал победничкиот гол.
Сепак, по интервенција на ВАР, погодокот беше поништен поради офсајд.
При проверката беше утврдено дека Халилзаде во моментот на додавањето се наоѓал во недозволена позиција. Само неколку милиметри го делеа Иран од голема победа во Сиетл.
Клучен момент беше поставеноста на египетската одбрана. При излегувањето на голманот од гол-линијата, зад топката останал само еден дефанзивец, со што била формирана офсајд-линијата.
ВАР потврди дека иранскиот напаѓач бил во недозволена позиција за само неколку милиметри, поради што погодокот беше поништен, а Иран остана без победата што ќе му ја подобреше позицијата во борбата за пласман во следната фаза на Мундијалот.