Неодамна, актерката Весна Бејби Петрушевска беше изненадена од високата сметка за струја која ја добила за месец јануари, па затоа реши да им се обрати на ЕВН со видеопорака која ја објави на социјалните мрежи.
Aктерката сака да ја истера правдата до крај и денеска сама протестираше пред зградата на ЕВН.
„Еве, јас дојдов да протестирам сама пред ЕВН. Блиску е Вардар, а вие каде сте? Уште сум сама, а ладно е. Вардар – ладен, фин. И така“, вели Весна во видеото коешто го објави на социјалната мрежа Инстаграм.