„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Вилма Русковска го пријавила Боки 13 за вознемирување, откако пак имаа крени-спушти телефон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Настани
media-librarynmsn1i4chdak0vPtUAY

Вилма Русковска го пријавила Бојан Јовановски-Боки 13 во полиција за вознемирување, откако тој вчера вечерта, додека беше вклучен во живо на „Јутуб“ телефонски и ѕвонел на нејзиниот мобилен телефон повеќе пати. Од МВР за „Скопје1“ ја потврдуваат пријавата.

— реклама —

Од снимката може да се види дека Јовановски ја контактира Русковска со цел, како што вели, да ја праша за Фехми Стафа. Таа одговара на телефон, а откако Јовановски посочува дека таа е во живо, таа му вели „Добра ноќ“, на што тој враќа со „Не добра ноќ, ѓубре едно! Хохштаплерке, олошу“. Откако линијата исклучува Јовановски продолжува „Не добра ноќ да исклучуваш телефон,олошу. Не знае да ме блокира“.

„Не спие бе, пие бе, какво спиење“, вели Јовановски.

— реклама —

Потоа, Русковска неколку пати ги одбила повиците, а кога Јовановски и ѕвони на апликација, таа одговара и му вели: „Слушај да ти кажам, ако продолжиш да ѕвониш, во моментов те пријавувам во полиција“.

Јовановски враќа: „Јас имам потреба да ве прашам бидејќи во моментов има 2.000 гледачи во живо, за вашата близина со Феми Стафа... од новинарски аспект, од новинарски апсект...“.

Русковска му вели: „Само ако продолжиш, во полиција те пријавувам, пријатно“, на што Јовановски и вели „Хохштаплерке“.

По затворање на повикот од страна на Русковска, Јовановски пак ја контактирал.

Од МВР велат дека работат на случајот.

„На 18.12.2025 година во 22:30 часот во СВР Скопје В.Р. пријавила дека била  телефонски вознемирена од страна на Б.Ј.“, велат од МВР.

По пријавата, Јовановски вели: „Право на Вилма Русковска е да постави пријава пред надлежен орган. Ценам дека е неоснована и лажна пријава. А мое право е секако да третрам прашања кои се од интерес на јавноста, секогаш тоа ќе го правам. Не го ценам како вознемирување. Дотолку повеќе што е многу важно Вилма Русковска да одговори на последните прашања за нејзината поврзаност и во времето на нејзиниот мандат за близината со Феми Стафа. Ова е обид за цензура. Ова е класично заплашување, а не и се плашам на Русковска. Сметам дека е многу поважно и круцијално, Вилма Русковска да одговори за нејзината поврзаност со Феми Стафа. Во однос на тоа што третирам такви теми и во однос на тоа што секогаш кога има потреба од јавноста јас ќе ја контактирам за коментар. Во недостаток на аргументи таа пријавува во полиција. Нека пријавува ако нема попаметна работа, а верувам дека нема“.

Бојан Јовановски претходно ја контактираше Вилма Русковска во живо и бараше одговори за случајот Рекет, за 27 април, снимка која беше и вирална.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryvmvac9e35oik82RRyRR

(Видео) Боки 13 објави делови од филмот „Рекет“ – сниман во Идризово, со обвинувања кон политичари

Магазин | пред 2 месеци

1942279_boki_ls

Боки 13 за пресудата: Ременски ја ослободиле по јавување од Ковачевски, имам пораки дека Заев учествуваше во Меѓународен сојуз

Македонија | пред 2 месеци

boki-13

Бојан Јовановски-Боки 13 осуден на затворска казна во случај каде што е ослободена Фросина Ременски

Македонија | пред 2 месеци

ruskoska-bo

(Видео) Расправија, навреди, дерење: Боки 13 и се јави на Рускоска во живо

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања