„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Владина делегација на комеморативната седница во Општина Врапчиште за загинатите од сообраќајната несреќа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
vrapciste

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ја предводеше владината делегација и заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, денеска присуствуваа на Комеморативна седница во Општина Врапчиште. Седницата се одржа за загинатите во вчерашната сообраќајна несреќа, што се случи во близина на село Ласкарци, на автопатот Скопје-Тетово.

— реклама —

„Примете искрено сочувство за загинатите од име на Владата и од мое лично име. Нека почиваат во мир. Длабоко сочувствуваме со вашата болка и голема загуба. Земјата е во тага, ова е голема трагедија за целата наша држава. Ќе направиме сѐ што e можно, да ги поддржиме сите семејства на загинатите сограѓани. Грижата нема да ги замени тагата и болката, но поддршката е потребна за да продолжите понатаму. Тоа е почит кон починатите и наша заложба да ви помогнеме вам, нивните семејства“, им порача Николовски на семејствата на загинатите.

Во тешката и трагична сообраќајна несреќа што се случи вчера на автопатот Скопје-Тетово загинаа 14 лица, а седум од повредените се во тешка состојба.

— реклама —

„Посакуваме брзо опоравување на повредените. Нашите мисли се со нив. Се надевам дека што поскоро ќе се вратат кај своите семејства“, додаде Николовски.

Двајца од починатите и тројца од повредените во сообраќајната несреќа се од Општина Врапчиште.

„Со жалост ја примив веста за трагичниот настан што се случи вчера. Дел од патниците се и граѓани од нашата општина. На повредените им посакувам здравје, а на фамилиите на загинатите им пренесувам сочувство од мое име, од име општинската администрација, од Советот и сите граѓани на Општина Врапчиште“, порача градоначалникот на Општина Врапчиште, Исен Шабани.

EQJ_amobdZo

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања