Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(ВИДЕО) Власта трети ден зборува за „Титаник“ и не се откажува од барањето Мицкоски да си оди од политика

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
darko-kaevski

„После признанието на вина во „Титаник“ Христијан Мицкоски и раководствотo на ВМРО ДПМНЕ мора да си поднесат оставка. Покрај Мицкоски, сите инволвирани во Титаник и други предмети треба да се повлечат од политиката, како Милошоски, Јанушев и многу други. Врхушката на ВМРО ДПМНЕ, клучните играчи на осудениот криминалец Никола Груевски, признаа дека правеле изборен криминал, влијаеле на избирачко право и нелегално ги финансирале изборните кампањи. Сега на граѓаните им е кристално јасно се, се потврди целиот криминал на режимот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Ете зошто Мицкоски на сите лидерски средби условуваше и бараше бришење на член 165 од Кривичниот законик, кој се однесува на злоупотреба на средства за изборна кампања“, вели Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.

— реклама —

Тој додава:

„Мицкоски го штител својот шеф Груевски, ги штител сите кои направиле криминал и измами на изборните кампањи во 2011, 2012, 2013 и 2014 година.

— реклама —

Христијан Мицкоски кој му бил советник на Груевски а потоа и негов генерален секретар мора да поднесе оставка, да се извини и да побара враќање на парите кај граѓаните.

Во Извршниот комитет на Мицкоски и во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се уште има лица за кои има повеќе обвиненија, како Милошоски и Јанушев и тие мора да поднесат оставки, да се повлечат од политиката.

Притисоците врз судството кои постојано ги прават со цел се спасат од прогон или ги намалат казните мора да прекинат.

Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, двоецот Мицкоски – Груевски е без принципи, без морал.

Апелираме на брза и ефикасна истрага за сите случаеви од поранешни политичари без разлика дали станува збор за оние од власта или опозицијата.

Правдата мора конечно да надвладее за да имаме одговорни политичари и систем кој функционира“.

rAPkko6EGvs

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања