(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ - 1090 проекти, 166 капитални, 33 градинки, 68 училишта за 100 дена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Hristijan-Mickoski

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ за 100 дена покажаа дека со многу работа, труд и посветеност може да се донесат промени кои што носат иднина.

— реклама —

За 100 дена се направени 1090 проекти од кои 166 капитални проекти, извршени се изградби и реконструкции на 206 улици и патишта, 33 градинки, 68 училишта, 111 водоводи и канализации, 96 паркови и игралишта, исчистени се над 200 диви депонии. Ова е значаен успех, уште повеќе ако се има предвид дека СДСМ остави зад себе задолжени општини. Градоначалниците на СДСМ оставија десетици милиони евра долгови, а патем ништо не изградија во претходниот мандат. Напротив народните пари ги даваа преку наместени тендери во приватни фирми блиски до власта.

— реклама —

Граѓаните денес може да направат јасна разлика, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ јавно и транспарентно одговараат за својата работа, а градоначалниците од СДСМ после 100 дена молчат за тоа што сработиле. Молкот во СДСМ е сосема разбирлив, СДСМ нема направено ништо, освен ако не се смета некој наместен тендер или зголемен долг.

— реклама —

Ги повикуваме Ковачевски, СДСМ и нивните градоначалници да видат дека во Штип се реконструирани или се реконструираат 16 улици. Во Бутел и Ѓорче Петров на место на санираните депонии, ќе изникнат паркови, се реконструираат училишта и се отпочнува изградба на нови во Визбегово и Илинден, Во Виница и Кавадарци се работи на изградба на нови пазари, а во Жилче, Шемшово, Страчинци и Тркање има капитални инвестиции во канализационата инфраструктура. Во Битола и Гевгелија се инвестира во спортската инфраструктура, а речиси во секоја општина се градат нови детски и спортски игралишта. Овие и уште илјада други проекти покажуваат дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ работат да ја оправдаат довербата од граѓаните.

СДСМ може да учат што значи отчетност, посветеност и работа во интерес на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања