Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ слави на охридскиот плоштад, Пецакоски и Донев се обратија!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2021-10-17-at-22.54.13

Победа во Охрид слави ВМРО-ДПМНЕ, откако Кирил Пецакоски доби повеќе гласови пред СДСМ. Сепак, околу 100 гласови го делат од победа во прв круг.

— реклама —

„Со среќа да ни е победата на ВМРО-ДПМНЕ. Ви кажав дека св. Климент ќе стави рака на градов и победивме со над 2000 разлика. Победивме за градоначалник, победивме на советничка листа од ВМРО-ДПМНЕ. Ви кажав дека 4 години се боревме заедно и дека сите ние овие четири години издржавме многу работи. Бидете горди и со кренати глави“, рече Донев.

Пецакоски ги поздрави симпатизерите и рече: „Поминаа четири години и овие избори покажаа следно, дека цел живот е кампања, дека цел живот создаваш за да добиеш поддршка. И покрај се, покрај многуте предизвици и работи кои сакавме да ги направиме а не можевме, изминаа 4 години, чесно и со крената глава ја побаравме поддршката на охриѓани и вечерва ја добивме. При крај беа пребројувањето на гласовите во сите избирачки места. Времето ќе покаже дали ќе завршиме уште вечерва или можеби за две недели, меѓутоа сакам едно да знаете, народот во Охрид, секој еден граѓанини, Македонци, Албанци, Власи, Срби и сите други, сите ја дадоа поддршката за нас“, рече Пецакоски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања