Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Во експлозијата во Атина почина една жена, пет лица се исчезнати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Настани
media-librarya52d40hqvvvqfCW6T2u

Една жена го загубила животот, а по пет лица продолжува потрагата откако силна експлозија целосно урнала трикатна зграда во историскиот дел на Атина, во близина на Акропол.

Несреќата се случила во населбата Плака, во мала улица која се наоѓа меѓу Акропол и храмот на Олимпиецот Зевс. Според информациите од локалните медиуми, во објектот се наоѓале апартмани наменети за туристички престој.

— реклама —

Спасувачките екипи утрово во урнатините го пронашле телото на една жена. Потрагата по останатите лица продолжува, а во акцијата се користат багери и термовизиски камери со цел да се откријат евентуални преживеани.

— реклама —

Според неофицијални информации, меѓу исчезнатите се четворица американски туристи, еден британски и еден грчки државјанин. Надлежните власти засега официјално не ги потврдиле овие податоци.

Експлозијата била толку силна што трикатницата целосно се урнала, а биле оштетени и соседни објекти. Остатоци од урнатиот објект биле расфрлани по улицата.

— реклама —

Според полицијата, исчезнатите туристи не се појавиле на својот лет на аеродромот во Атина, по што било пријавено дека им се губи трагата.

— реклама —

Како можна причина за експлозијата се наведува истекување на гас, но околностите за несреќата сè уште се истражуваат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

uapsen

Македонски државјанин баран со меѓународна потерница уапсен во центарот на Солун

Балкан | пред 14 часа

— реклама —
police_457542992-1-1021x580

Маскирани напаѓачи фрлиле молотов коктел на студентско собрание во Атина, тројца повредени

Балкан | пред 14 часа

media-library41fu3dth0drvbh948tz

ЕФА ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство

Балкан | пред 1 ден

brod

Евакуиран крузер со над 1.500 лица по дојава за бомба кај грчкиот остров Сирос

Балкан | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања