Промени тема
Контакт

(Видео) „Во гаражата 'Разловечко востание' се гази по урина и фекалии, лифтови и светла не работат!“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Настани
media-librarya2e0acrpagtl0hzPtwC

Катната гаража „Разловечко востание“, лоцирана на една од најфреквентните точки во Скопје, повторно е во фокусот на јавноста поради, како што граѓаните велат, катастрофални услови што траат со години.

Докторот Ненад Лазаров, кој и минатата година јавно реагираше за состојбата во објектот, овој пат сними и видео поради, како што вели, „апокалиптичните сцени“ со кои се соочил.

— реклама —

„Лифтови не работат, ниту еден. Светла нема, ниту едно. Скалите по кои мора да се движиш – смрдеата е епска, а нечистотијата е од денот на изградба. БУКВАЛНО по урина и фекалии се гази“, напиша Лазаров.

Тој вели дека за неполни два часа паркирање платил 180 денари, додека за возврат граѓаните добиваат мрак, нефункционална инфраструктура и нехигиенски услови што ги загрозуваат здравјето и безбедноста.

— реклама —

Лазаров потсетува дека и претходно укажувал дека гаражата е опасна и запуштена, а тогаш, како што тврди, вработен дури се обидел и да се пресмета со него наместо да ја признае очигледната состојба.

— реклама —

Катната гаража, која треба да биде модерен и безбеден паркинг-објект, веќе подолго време е симбол на негрижа и институционален хаос, а граѓаните револтирано прашуваат: до кога ќе плаќаат премногу за нешто што изгледа како да е оставено само на себе?

Од надлежните институции засега нема официјална реакција за да се средат состојбите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања