Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Во руски напад врз Краматорск оштетена православна црква, има загинати и повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Свет
media-libraryd5s3tq7e6cu7dosm0ry

Едно лице загина, а петмина се повредени во руски воздушен напад врз Краматорск во украинската Донечка област. Градот бил нападнат со бомби и беспилотни летала, при што биле оштетени десетици цивилни објекти.

Регионалната полиција соопшти дека во нападот биле употребени наведувани бомби КАБ-500 и КАБ-250. Според првичните информации, оштетени се околу 70 цивилни објекти, меѓу кои 10 станбени згради, 54 семејни куќи, филијала на банка, продавница и неколку возила.

— реклама —

Меѓу оштетените објекти е и православната црква „Свети Јован Крстител“. Украинската православна црква соопшти дека објектот претрпел значителна материјална штета. Оштетени се ѕидовите, покривот и куполата.

— реклама —

Според црковните власти, ударниот бран ја деформирал металната конструкција на објектот, додека просторот околу црквата бил прекриен со остатоци и парчиња од оштетените конструкции.

Нападот врз Краматорск се случува во период на продолжени напади врз украински верски и културни објекти. На 2 август, при руски напад со беспилотно летало, била уништена црквата „Света Введенска“ во Берислав, во Херсонската област.

— реклама —

Станувало збор за речиси 300 години стара дрвена црква, изградена во 1726 година, која била заштитена како споменик на архитектурата и претставувала еден од зачуваните објекти на верското наследство во ослободениот дел од Херсонската област.

Според проценките наведени во текстот, руската инвазија досега предизвикала околу 4,65 милијарди долари директна штета врз украинскиот културен сектор, додека индиректните загуби се проценуваат на околу 24 милијарди долари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb00pgimrkf76ftxV4e6

Русија и Украина разменија масовни напади по најавите за мировни преговори

Свет | пред 17 часа

— реклама —
kremlj-moskva

Кремљ: На Русија ѝ е потребен траен мир со Украина, а не привремено примирје

Свет | пред 1 ден

media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp

Путин не остава простор за преговори: Безбедносната зона долга 660 километри во Украина не е предмет на договор

Свет | пред 3 дена

media-libraryl51t1k82f938bhIcmD7

Украински дронови уништија половина од најголемите центри за податоци на рускиот „Гугл“, „Јандекс“

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања