Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

(Видео) Во увидните екипи се тезгароши, секоја сообраќајна несреќа е тезга, сведочи судскиот вештак Трпевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
soobrakajka

Во увидните екипи на МВР се тезгароши, секоја сообраќајна несреќа е тезга. Ова го посочува сообраќајниот инженер и судски вештак, Дејан Трпевски. Тој посочува дека постојат повеќе примери низ кои може ова да се заклучи, а во поткастот „Претрес со Ландов“, кажа дел од нив.

— реклама —

„Во делот на увидната екипа постојат луѓе што имаат таму тезга отворена и тезгарошат. Значи секоја сообраќајна несреќа им е тезга. Тоа е јавна тајна“, вели судскиот вештак, Дејан Трпевски.

— реклама —

— реклама —

Тој објасни и низ конкретен пример.

„Сега имав еден таков пример. Сообраќајна несреќа случена во септември минатата година, пред три дена го земаа полицискиот записник. Држено е во фиока. Зошто? На лице место е утврдено дека едниот бил под дејство на алкохол, сега во полицискиот записник никаде не фигурира дека е под дејство на алкохол. Дрегер - 0, извршено испитување во болница во толку и толку часот, резултат нема. Како може да нема? Кога ќе дојде некој во болница, обавезно се зема крв или урина за да се испита алкохол. Нема, затоа што некој од увидната екипа го штити тој под дејство на алкохол“, додаде Трпевски.

Тој додава дека постојат повеќе вакви примери, како во дел на увидната екипа, така и судси примери.

Проследете го поткастот каде се зборуваше за низа сообраќајни несреќи, како и за вештачењата и увидите кои се правени.

https://youtube.com/live/NCtvoXUnxMM

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања