Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Воени возила пукаат едно кон друго

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет

На социјалните мрежи е објавено неверојатно видео од дуелот меѓу американското борбено возило „Бредли“ и рускиот оклопен транспортер БТР-82А.

Во срцето на битката, двете воени возила пукаат едно кон друго. Најмалку еден војник потоа се гледа како излегува од руски оклопен транспортер пред да почне да го зафаќа чад, според Newsweek.

— реклама —

Како што потсети Јутарњи лист, САД на украинските сили им донираа повеќе од 300 „Бредли“.

Украинската бригада тврди дека руски оклопен транспортер влегол во населба, без да се прецизира точната локација, по што морала да реагира екипажот на „Бредли“ и тоа, како што се наведува, „веднаш и сега“.

— реклама —

Судирот се случил источно од Повровск, клучен град за одбраната на Украина во областа, која сега стана „епицентар“ на судирите, соопшти истата бригада кон крајот на минатата недела, пренесува Newsweek.

— реклама —

Во понеделникот, Генералштабот на украинската армија извести дека Русија за 24 часа изгубила 269 луѓе, две оклопни борбени возила и два артилериски системи долж тој дел од фронтот. Но, тие исто така потврдија дека Русија има огромни резерви на работна сила и дека можат брзо да надоместат за големите загуби.

Споменатата украинска бригада, која ја споменува Newsweek, без да прецизира која, тврди дека во овој момент задржуваат три руски бригади од натамошен пробив.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5i4ruv9sol4u4eLfQaZ

Руски дизел тргна кон Њујорк: Танкер со 40.000 тони гориво отплови по договор меѓу Путин и Трамп

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Путин најавува преговори за мир, но тврди дека украинските територии се руски

Свет | пред 1 ден

media-libraryb00pgimrkf76ftxV4e6

Русија и Украина разменија масовни напади по најавите за мировни преговори

Свет | пред 2 дена

kremlj-moskva

Кремљ: На Русија ѝ е потребен траен мир со Украина, а не привремено примирје

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања