Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

(Видео) Возете се каде било во светот со користење вистински мапи и тоа директно од прелистувач

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Магазин
media-libraryju0r0rf7rs485IcOeGp

Љубителите на возењето добија несекојдневна игра – Hop.Earth им овозможува на играчите да возат речиси по кој било пат на Земјата, користејќи географски податоци од мапи, без потреба од инсталација.

— реклама —

За разлика од класичните симулатори за возење, кои имаат однапред креирани мапи, Hop.Earth во реално време го генерира светот врз основа на базата на податоци на OpenStreetMap и сателитски податоци. Тоа значи дека играчите можат да се „телепортираат“ речиси каде било на планетата и веднаш да започнат со возење.

Играта функционира директно во интернет-прелистувач, па не е потребно преземање на десетици гигабајти податоци, како кај современите симулатори за возење. Светот се вчитува и се генерира во текот на играњето, додека играчот се движи, што овозможува практично неограничено истражување на различни локации.

— реклама —

Програмерите нагласуваат дека распоредот на патиштата, нивната поврзаност и конфигурацијата на теренот се засноваат на реални податоци, додека зградите, вегетацијата и останатите елементи од околината се поедноставени и процедурално генерирани.

— реклама —

Со други зборови, целта не е целосно реалистична реконструкција на секоја локација, туку создавање возачко искуство кое ја следи реалната географија.

Квалитетот на мапите зависи и од самиот проект OpenStreetMap. Регионите со детално мапирана патна инфраструктура нудат значително подобро искуство, додека во делови од светот со послабо мапирање може да има недостатоци или помалку прецизни патишта.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylfvjqomtdq363ZP8Zxr

Компанија за видеоигри сокри вистински пиратски ковчег на Карибите: Победникот ќе добие богатство вредно 500.000 долари

Магазин | пред 2 месеци

16754513896363905523811954433334_wide

(ВИДЕО) Дали цел живот погрешно играме Super Mario Bros

Магазин | пред 3 години

669883913632b020f04ad1080853195_wide

2K Games потврди дека е хакиран, играчите предупредени

Магазин | пред 3 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Објавени видеа од новата „GTA 6“

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања