„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Врховниот судија Наке Георгиев ќе си остане во затворот во Шутка, познато каде е сместен

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-05-23-at-12.26.57

Кривичен совет ја одби жалбата на врховниот судија Наке Георгиев со која бараше да се брани од слобода односно да излезе од истражниот затвор „Скопје“ во Шутка, дознава „Скопје1“. Судиите ја потврдиле одлуката на судијата на претходна постапка кој најде оправданост во одредување на ваква мерка поради опаност од бегство, влијание врз сведоци и поради опасност да го повтори делото.

— реклама —

Георгиев е веќе два дена во притвор. Тој во затворот во Шутка е класифициран како лице со висок безбедносен ризик. Сместен е во притворското одделение. Директорот Филип Андов за подкастот „Претрес“ зборуваше за третманот, а ексклузивно снимивме и во каква ќелија е сега веќе сместен.

— реклама —
6PiuekSbuHA
?t=1359

Георгиев се сомничи за противзаконито влијание за што примил поткуп од 10.000 евра. МВР го фатило со парите, по што го задржаа во станица.

Кривичното дело за кое се сомничи Георгиев е примање награда за противзаконито влијание. Битието на делото ќе биде исполнето кога некој за себе ќе прибави противправна имотна корист, на начин што, со своето претпоставено влијание ќе го натера другиот да стори противправно дејствие во одредена постапка или процес.

Сопругата на Георгиев е обвинителка од Струмица, а неговиот син заврши академија за судии и јавни обивнители, па стана судија во Кривичен суд. Судиската кариера ја почнува во основиот суд во родната Струмица од каде продолжува во штипска апелација како судија, а подоцна и претседател и од 2020 е врховен судија.

Георгиев имаше и обид да стане член на Судски совет. Тој беше единствен кандидат од Врховниот суд. На гласањето тој доби повеќе чкртаници и неважечки гласачки ливчиња отколку гласови – но беше избран. Потоа поднесе оставка за да нема судир на интереси и син му да стане судија.

Нема фотографија

(Видео) Судијата Наке се брани со молчење и кажува дека е наместен

Врховниот судија Наке Георгиев се брани со молчење, соопшти неговиот адвокат Александар Тумановски, откако му одредија 30-дневен притвор.„Прифатени се мерките, определен е притвор од 30-дена. Нема аргументи се брани со молчење -само дека е наместен во целиот случај, толку. Други детали нема“, рече адвокатот Тумановски.Георгиев се сомничи за противзаконито влијание за што примил поткуп од 10.000 евра. МВР го фатило со парите, по што го задржаа во станица.Кривичното дело за кое се сомничи Георгиев е примање награда за противзаконито влијание. Битието на делото ќе биде исполнето кога некој за себе ќе прибави противправна имотна корист, на начин што, со своето претпоставено влијание ќе го натера другиот да стори противправно дејствие во одредена постапка или процес.Сопругата на Георгиев е обвинителка од Струмица, а неговиот син заврши академија за судии и јавни обивнители, па стана судија во Кривичен суд. Судиската кариера ја почнува во основиот суд во родната Струмица од каде продолжува во штипска апелација како судија, а подоцна и претседател и од 2020 е врховен судија.Георгиев имаше и обид да стане член на Судски совет. Тој беше единствен кандидат од Врховниот суд. На гласањето тој доби повеќе чкртаници и неважечки гласачки ливчиња отколку гласови – но беше избран. Потоа поднесе оставка за да нема судир на интереси и син му да стане судија.

Македонија | пред 1 година

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања