Британскиот пејач Хари Стајлс доживеа непријатен инцидент за време на концерт на стадионот „Вембли“ во Лондон, откако му залетна водата од која се напи и накратко падна на сцената пред илјадници присутни фанови.
Инцидентот се случил додека тој изведувал дел од настапот во кој вообичаено пие вода и ја распрскува кон публиката.
На видео-снимките кои брзо се проширија на социјалните мрежи се гледа како пејачот зема голтка вода, ја исплукува и паѓа на сцената, по што неколку секунди останува да лежи обидувајќи се да се опорави.
По краткиот момент, Стајлс се подигнал, им мавнал на публиката и се повлекол од сцената, што предизвикало загриженост кај присутните фанови и бројните корисници на социјалните мрежи кои го следеле настапот.
Неговите претставници засега не дале официјална изјава за инцидентот.