Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

(Видео) Хари Стајлс им одговори бакна маж во живо

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 часа -

Магазин
media-libraryrghkitqrlkr5ebIrDx5

Поп-ѕвездата Хари Стајлс во најновото издание на „Saturday Night Live“ се осврна на обвинувањата за т.н. „queerbaiting“ и тоа на начин што веднаш го крена студиото на нозе – со бакнеж со маж пред публика, во живо.

— реклама —

Во монологот Стајлс со иронична дистанца зборуваше за периодот во кој дел од фановите, следејќи го неговиот сценски стил и јавен имиџ, го обвинуваат дека намерно остава нејаснотии околу сопствената сексуалност за да привлече внимание. Тој, пак, ја сврте целата тема во комедија – потсетувајќи дека никој не може да знае „сè“ за него само од она што го гледа однадвор.

— реклама —

Кулминацијата дојде во скеч поврзан со неговиот нов албум, при што на сцената му се придружи комичарот и актер Бен Маршал. По кратка размена на реплики, Стајлс му пријде и го бакна Маршал, а потоа целата сцена ја „запечати“ со поента на сопствена сметка – дека токму тоа, во рамки на шегата, е „queerbaiting“.

Во истата епизода беше споменато и дека Стајлс неодамна го објави својот четврти соло-албум „Kiss All the Time. Disco, Occasionally.“, а во изјава за медиуми зборуваше за поголема отвореност и подготвеност да им каже „да“ на нови искуства – пристап што, барем на сцената на „SNL“, го претвори во централна порака и во главна шега на вечерта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Harry-Styles

(ВИДЕО) И Хари Стајлс погоден в лице со тврд предмет

Магазин | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања