„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) За три недели истекува јавниот повик за доставување понуди за интерес за давање под закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
ljupchonikolovski

За три недели завршува јавниот повик за доставување на понуди за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари. Односно, најдоцна до 11-ти јануари следната година, сите заинтересирани за овој јавен повик, треба да достават комплетна документација со пријава за апликација односно за интерес до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

— реклама —

За разлика од огласите за кои што МЗШВ ги објавува расположливите парцели, со овој јавен повик МЗШВ им овозможува на земјоделците доколку имаат информации каде има слободна земја, самоиницијативно да пројават интерес преку изготовка на геодетски елаборат и прибирање на сите потребни документи пропишани со јавниот повик. Единствено, земјоделците треба да внимаваат земјиштето да не е предмет на денационализација и да не е веќе дадено под закуп.

— реклама —

Овој јавен повик е наменет за целокупното земјоделско земјиште во државата или за 34 региони. Целта на овој повик е да се стави во функција целото расположливо земјоделско земјиште, особено оние парцели од 4, 5, 6, 7 и 8 класа, а кои што можат да се искористат за производство.

„На овој начин создаваме поволни услови, сите земјоделци кои веќе се занимаваат со земјоделство, оние што сакаат да го прошират своето производство или да започнат агробизнис, да склучат договор со МЗШВ и да дојдат до земјиште. Целта на повикот е да се стави во функција секоја педа земја, која може да овозможи земјоделско производство. Со воведување на оваа олеснителна процедура, им овозможуваме на сите заинтересирани со нивен пројавен интерес да добијат државно земјоделско земјиште и на тој начин директно да се зголемат површините со обработливо земјоделско земјиште, а со тоа и производството на земјоделски производи“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Земјиштето за кое ќе биде склучен договор ќе треба да се искористи за подигање на долгогодишни насади, оранжерии, долгогодишни насади со лешник, маслинарници, други земјоделски култури за период до 15 години, ливади за период до 15 години, за брзо растечки дрвја, за рибници и за спортско-рекреативни активности и рурален туризам.

Инаку овој процес се одвива паралелно со континуирани јавни огласи за издавање на државно земјоделско земјиште и претставува една силна заложба на Владата и на МЗШВ, максимално да се зголеми обработената земјоделска површина во државата. Паралелено со јавниот повик тече и огласот за давање под закуп на државно земјоделско земјиште над 3 хектари, кој што меѓу другото е наменет за инвестиции во преработувачки капацитети.

Министерот Николовски посочи вака комбинирани, јавниот повик и инвестицискиот оглас кој е особено важен за решавање на откупот на земјоделски производи, ќе дадат силен инпут во земјоделството и дека ова е само дел од стратегијата на МЗШВ за ставање во функција на секоја педа земјиште, затоа што зголемувањето на обработливите земјоделски површини и инвестициите во системите за наводнување кои што се реализираат, се клучни за зголемено и конкурентно земјоделско производство.

W-M6FPvt7gU

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања