Премиерот Зоран Заев смета дека идејата за легализација на марихуаната за рекреативни цели во туристичките центри како пример од надвор, ќе влијае на зголемување на туризмот. Но сепак предупредува дека во моментов државата не е подготвена за тоа, иако како што рече дискусијата е отворена.
https://www.facebook.com/tv21hd/videos/728859164177850/
„Јас лично мислам дека се уште не сме подготвени, но сакам да ви кажам до каде одат модерните трендови, дури и пуштање во употреба во рекреативни цели на марихуаната само во туристичките места. Некој кажува дека за 5 пати ќе се зголемат потребите од издавање на туристичките капацитети. Зошто велам не сме подготвени? Се уште немаме контролни механизми во државата вградени, но дискусијата е отворена. Ова светот го прави најмногу заради туризам“, изјави Заев за време на посетата на Охрид
ТВ21 пред неколку дена, повикувајќи се на извори од Владата, објави дека сериозно се разгледува прашањето за легализација на марихуаната, а во првата тест фаза, тоа би било во туристичките места како Охрид и Струга.