„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Заев-Линде: Шведска со силна поддршка за евроатланските аспирации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
1-6

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, во рамките на дводневната работна посета на Португалија, вечерва оствари средба со министерката за европски прашања на Шведска Ан Линде.

— реклама —

GX90c06FIyE
— реклама —

Министерката Линде на средбата ја повтори силната поддршка на нејзината земја за евро-атлантските аспирации на нашата земја и покажа интерес за актуелниот момент од процесот на имплементацијата на Договорот од Преспа.

Премиерот Заев ја запозна со најновиот тек на овој процес и информираше за почетните резултати од јавната расправа за нацрт амандманите за уставни измени кои ја поминаа првата фаза на утврдување како нацрт во Собранието на Република Македонија.

Премиерот Заев зборуваше и за следните постапки во овој процес кога се очекува Владата на РМ, како предлагач на уставните измени и на нацрт амандманите, два дена по јавната расправа, да ги сублимира резултатите и како извештај да ги достави до парламентот, по што постапката за промената на Уставот на Република Македонија, со цел имплементација на Договорот со Грција со што треба да се овозможи пристапување на Република Македонија во Европската Унија и НАТО, се очекува да заврши кон средината на јануари со пленарна седница во Собранието на Република Македонија.

Претседателот на Владата на РМ Заев и министерката за европски прашања Ан Линде во разговорот се задржаа и на активностите на нашата земја на внатрешните реформи, за кои премиерот Заев изрази уверување дека ќе бидат остварени во предвидените рокови, за да се обезбеди очекуваниот старт на отворање на поглавјата како последна фаза од процесот за членство во ЕУ .

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања