ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

(ВИДЕО) Заев: Новиот претседател на нашата земја е Стево Пендаровски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

DSC_5015

Стево Пендаровски е идниот претседател на Република Северна Македонија, тој е нашиот предлог и уверени сме во победа, рече премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев на денешниот 23 конгрес на партијата.

— реклама —

Пред присутните се обрати престедтелот на СДСМ Зоран Заев кој меѓу другото истакна:

„Земја на еднакви граѓани, едно општество за сите. Овие наши вредности, во заедница со силна демократска матрица и култура, го формираат нашиот морален компас за градење прогресивно општество по мерката на модерните европски демократии. Од тие принципи и мерила изникнува и нашиот заеднички канидадат за претседател – Идниот претседател на Република Северна Македонија – Нашиот другар, пријател, претседател за сите – Стево Пендаровски!

— реклама —

Стево е нашиот предлог. Уверени сме дека тој е нашиот избор за победа. Новиот претседател на нашата земја е Стево Пендаровски. Се обединивме околу идејата за заеднички кандидат за поддршка од огромно победничко мнозинство од граѓаните. За прв пат, имаме историски политички пресврт во нашата земја, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и сите други – застануваме ЗАЕДНО за да и обезбедиме на нашата земја претседател за сите наши граѓани. Ќе одиме ЗАЕДНО низ целата наша земја, да го поддржиме Стево - од Струга до Паланка, од Тетово до Гевгелија, вдолж и попреку низ сите градови, села и населби на нашата убава земја. Стево Пендаровски е нашиот иден претседател на Република Северна Македонија. Одиме ЗАЕДНО бидејќи знаеме дека на Македонија и е потребен Претседател кој со високо чувство на одговорност, динамично и посветено ќе нуди решенија и ќе се приклучи во поддршка на нашата брза трака која земјата ја носи напред – кон сигурно иднина во во НАТО и ЕУ.

Стево Пендаровски е потврда на концептот едно општество за сите во напредна, евро-атлантска Република Северна Македонија. Знам дека, како Претседател на сите граѓани на нашата земја, својата сила ќе ја влече и од сите наши граѓани, а не само од оние што ќе го дадат својот глас за неговата победа.

Победата на Стево Пендаровски на претстојните избори ќе биде уште една победа на нашиот заеднички пат, истакна Заев.

Заев покрај за кандидатот за престедател зборуваше и за целите на партијата за следниот период. Тој рече:

„Нашата земја е пријател со сите свои соседи, целиот свет, со сите земји и меѓународни организации зборуваат во суперлативи во Северна Македонија. Во нашиот парламент ги разбивме сите дилеми и потврдивме дека заедно ја движиме нашата земја во иднината што сите ја посакуваме: Признаена и ценета држава, земја членка на европското семејство и членка на НАТО. Не прифатија како Mакедонци, со свој идентитет и своја гордост. Како земја во чиј идентитет се вградени и идентитетите и на сите нејзини граѓани, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци, и сите други кои што живеат во нашата земја. Заедно со нашиот пријател, прво Република Бугарија, а потоа и со Република Грција, ги отфрливме изолацијата и недоразбирањата. Презедовме одговорност, и покажавме капацитети да решаваме, а не да одлагаме и да профитираме на штета на интересите на граѓаните и на стратешките цели на државата. Граѓаните избраа иднина, просперитет, НАТО и ЕУ. Почитувани сопартијци, почитувани претставници на коалицијата, Нема запирање, нема здивнување, нема веќе пречки. Сега е време за нови потфати. Целото наше внимание сега го насочуваме кон домашните прашања. Сега само од нас дома тоа зависи, се што досега направивме беше да ги тргнеме настрана сите надворешни предуслови за да го донесеме дома во нашата земја животот, достоинствен за живеење тука, во нашата Република Северна Македонија, истакна Заев.

Влегуваме во сериозни економски и реформски иницијативи кои се на нашата приоритетна агенда за 2019 година, реча заев и додаде: :

Сега, кога ја обезбедивме нашата безбедност и стабилност како земја членка на НАТО, продолжуваме да ги убедуваме сите инвеститори дека имаат земја партнер и пријателска средина за бизнис и за нови работни места за нашите граѓани. Многу инвеститори го чекаа исходот од преговорите со Грција за да донесат одлука.

Имаме силни аргументи дека сме на вистинскиот пат, дека нашите економски политики даваат резултати. Историски резултати! Минатата година ја завршивме со рекордна вредност на странските директни инвестиции од 624,5 милиони евра. Тоа е речиси двојно повеќе од вредноста на инвестициите во 2017, или за 82 отсто повеќе од инвестициите на нашите претходници во нивната најдобра година, во 2011, или повеќе од 2012, 2013, 2014 година.

Ние за 20 месеци обезбедивме 18 одделни странски инвестиции, за разлика од тоталот од 23 за сите претходни 10 години. Дополнително нови 30-тина инвестиции имаме надвор од тир зоните.

Во 2018 година над 250 домашни компании добија финансиска поддршка преку Планот за економски раст, во 2019 очекувам тој број на компании да се зголеми, потенцираше претседателот на СДСМ .

Инаку конгресот на СДСМ се одржива во хотелот Александар Палас. Право на глас имаат 783 делегати.

eH101dopzL4

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања