Промени тема
Контакт

(Видео) Загинаа пет планинари од БиХ на Елбрус, телата останаа на планината

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
planinarenje

Петмина планинари од Босна и Херцеговина загинаа при искачување на Елбрус, највисокиот врв во Европа, јавуваат руските медиуми. Од седумчлената експедиција преживеале само двајца.

— реклама —

Според информациите, еден од планинарите успеал самостојно да се спушти од планината и да повика помош, додека вториот бил пронајден од спасувачките екипи. Двајцата се хоспитализирани и се под лекарски надзор.

Драмата започнала на 25 јули, кога било пријавено дека групата останала заглавена на Елбрус и не може да се спушти. Иако временските услови на почетокот биле поволни, ситуацијата нагло се влошила. Брзината на ветерот достигнала 70 километри на час, што значително ги отежнало спасувачките операции.

— реклама —

Истражниот комитет на Русија соопшти дека групата од седуммина планинари тргнала кон врвот на Елбрус, а подоцна било пријавено дека на височина од околу 5.100 метри на двајца од нив им се слошило. Подоцнежните информации потврдија дека петмина членови на експедицијата ги загубиле животите.

— реклама —

Според руските медиуми, телата на загинатите сè уште се наоѓаат на планината, а нивното извлекување е отежнато поради екстремните временски услови.

Елбрус, висок 5.642 метри, е познат по своите непредвидливи и сурови услови. Само неколку дена претходно, на оваа планина загина 11-годишно момче, додека неговиот татко беше тешко повреден при искачување.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library26scnd66r9ta0NGDh9K

Почина 28-годишна Русинка, речиси 200 лица во изолација по сомнеж за белодробна чума

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-library3eg7v59cg1ijbGsuZf1

Русија погоди товарен брод кај Одеса: Еден морнар загина, тројца се повредени

Свет | пред 12 часа

media-library1aqpod5785q8dxozAus

Русија упати предупредување до странските дипломати во Украина: „Напуштете ја земјата“

Свет | пред 17 часа

media-library80r36j4ah7lscADtZfe

(Видео) Путин следеше воена вежба со 47.000 војници, учествуваа и единици од Кина

Свет | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања