„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Законот не дозволува возачот на Палчо да остане во притвор, се правда Обвинителството откако тој беше пуштен на слобода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
collage

Предлогот за укинување на ефективниот притвор на Стефан Димковски, транспортерот на Љупчо Палевски-Палчо до Турција, од обвинителката Жаклина Крстевска Јосифоска бил оти законот не и дозволувал продолжување на мерката повеќе од три месеци. Со овој став, Обвинителството го оправдува ослободувањето на Димковски и одредување на алтернативни мерки. Димковски се сомничи за помагање – а според Обвинителството, законот не дозволува притвор подолг од три месеци.

— реклама —

„Со оглед на кривичното дело за кое е осомничено лицето и запретената затворска казна, максималното законски возможно траење на притворот за овој осомничен е три месеци. По истекот на тој рок, притворската мерка за осомничениот е заменета со соодветни мерки на претпазливост“, велат од Обвинителството.

— реклама —

Претходно, Кривичен суд кажа дека пуштањето на Димковски од притвор бил по предлог од обвинителката Крстевска Јосифоска.

„По предлог на надлежен обвинител за укинување мерка притвор за с.д. и определување мерки за претпазливост, судија на претходна постапка му определи мерки, забрана за напуштање живеалиште/престокувалиште, одземање пстна исправа, обврска за јавување во суд и одземање односно забрана за користење возачка дозвола“, велат од Кривичен суд.

Претходно, „Скопје1“ објави дека Димковски пред неколку дена бил пуштен од притвор. Одлуката ја донел Кривичниот суд, откако претходно, судија на претходна постапка во три наврати му го продолжуваше притворот и три месеци го држеше зад решетки. Сега Димковски ќе се брани од слобода. Димовкски е осомничен дека му помогнал на Палчо да избега од Македонија, откако тој го извршил двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Димковски во декември, пред да влезе во судот каде му беше одреден притвор, на прашање од „Скопје1“ кажа дека не се чувствува виновен во овој случај. На прашањето дали пак би го возел Палчо како што направил претхдоно, тој додаде: „Јас го возев на болница“.

(Видео) Прв укинат притвор во случајот за убиството на Вања: Возачот на Палчо пуштен од затворот во Шутка - Скопје1.мк (skopje1.mk)

„Скопје1“ во декември објави детали за осомничениот и неговиот исказ.

Го возел, но не знаел дека е вмешан во убиствата на Вања и Панче – транспортерот на Палчо негирал вмешаност - Скопје1.мк (skopje1.mk)

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања