Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

(Видео) Прв укинат притвор во случајот за убиството на Вања: Возачот на Палчо пуштен од затворот во Шутка

објавено пред 1 година -

Македонија
stefan-dimkovski

Укинат му е ефективниот притвор на Стефан Димковски, осомничен за помагање при бегство на Љупчо Палевски-Палчо, дознава „Скопје1“. Одлуката ја донел Кривичниот суд, откако претходно, судија на претходна постапка во три наврати му го продолжуваше притворот и три месеци го држеше зад решетки. Сега Димковски ќе се брани од слобода. Димовски е осомничен дека му помогнал на Палчо да избега од Македонија, откако тој го извршил двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

— реклама —

„Скопје1“ побара став од судот на што ја темелат ваквата одлука и што ги убедило дека Димковски нема да влијае на сведоци или да се даде во бегство, особено ако се има во предвид дека претходно по овие основи го држеа зад решетки. Во Обвинителството прашавме – дали Димковски и натаму има статус на осомничено лице, како и дали има нови моменти во истрагата, со оглед дека има и прво ослободување од притвор. Од двете места очекуваме одговори.

— реклама —

Димковски во декември, пред да влезе во судот каде му беше одреден притвор, на прашање од „Скопје1“ кажа дека не се чувствува виновен во овој случај. На прашањето дали пак би го возел Палчо како што направил претхдоно, тој додаде: „Јас го возев на болница“.

— реклама —

Димковски го возеше Палчо на релација Белград-Бугарија-Турција, па се врати во Македонија. Беше уапсен на граница.

Ова е прв укинат притвор за овој предмет. Во притвор, остануваат осомничените за реализација на убиството и таткото Александар Ѓорчевски, осомничен за помагање со тоа што дал информации за тоа кога Вања ќе ја напушти зградата.

„Скопје1“ во декември објави детали за осомничениот и неговиот исказ.

Го возел, но не знаел дека е вмешан во убиствата на Вања и Панче – транспортерот на Палчо негирал вмешаност - Скопје1.мк (skopje1.mk)

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

vanja-tatko-tufegdzik

Со кои аргументи Туфегџиќ го брани таткото на Вања пред Апелација: Тој е жртва во целиот трагичен настан

Македонија | пред 1 седмица

Vanja-1

Две години по убиството на Вања: Македонија и понатаму трага по одговори

Македонија | пред 1 седмица

obvineti-vanja

Дел од осудените за убиствата на Вања и Панче „пропеале“ за пиштолот и осомничениот Зоран Д., два месеци се собираат докази

Македонија | пред 3 месеци

ubistvo-vanja-

(Видео) „Имало планови за ликвидации уште од 2022, не можеле без поддршка – кој ја штитеше групата?“ прашува Туфегџиќ

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања